Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Панова: Потребно е да се направи јасна разлика меѓу политичките интерпретации и институционално утврдените факти за Алта банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 42 минути -

Македонија
media-libraryus2icsvijj658xpDoIO

На надзорната расправа во Собранието за причините за воведување администрација во Алта банка АД Битола, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, побара јасно разграничување меѓу политичките толкувања и институционално утврдените факти.

— реклама —

Таа оцени дека случајот во изминатиот период бил проследен со бројни политички прес-конференции и јавни изјави, особено од СДСМ, со кои, според неа, била создадена загриженост кај граѓаните за стабилноста на банкарскиот систем и сигурноста на депозитите.

— реклама —

Панова нагласи дека станува збор за две одделни правни лица во две различни држави, со различни надлежни регулатори, и дека јавните изјави треба да се даваат одговорно, особено кога можат да влијаат врз довербата во финансиските институции.

— реклама —

Таа упати прашање до гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски, дали македонската централна банка претходно добила известувања или сознанија од Народната банка на Србија за можни ризици, неусогласености или надзорни мерки кон Алта банка во Белград, кои би можеле да влијаат врз банката во Битола.

— реклама —

Панова побара и појаснување дали, врз основа на надзорните анализи, постоела реална опасност за стабилноста на македонскиот банкарски систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1smcg046pk435JI9jSM

Панова: ДУИ денес со гласот против безбеден град покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа се во опозиција, а таму треба да останат

Македонија | пред 9 месеци

— реклама —
media-libraryal6bkcl1cjnn5NxO1C1

Панова: ВМРО-ДПМНЕ со Резолуцијата става крај на манипулациите за мигрантите

Македонија | пред 10 месеци

ahmeti-5431

Ниту ДУИ, ниту судиите не се заштитени бели мечки кои можат да бидат на врвот на одреден криминал без да се водат постапки против нив, вели Панова

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања