„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пансионот „Ав ав хепи догс“ ќе си продолжи да работи, АХВ не провери присуство зараза туку даде препораки за чистење и тестирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 22 часа -

Скопје
media-libraryaoattkbje6hqagWV6fk

Агенцијата за храна и ветеринарство по вонреден инспекциски надзор во пансионот за кучиња „Ав, ав хепи догс“ донела решение само препорачала на сопствениците итно да си ги преземат своите миленици и да ги тестираат за евентуално присуство на заразна болест. Тие наредиле механичко чистење и темелна дезинфекција на целиот објект, кој ќе остане времено затворен само во период од 21 ден, колку што изнесува инкубацискиот период за сомнителната болест. Оттаму велат дека законот не им дозволува, а ниту наложува тие да проверат присуство на парво болест, од која угинало куче кое претходно било оставено на чување во овој пансион.

— реклама —

Од Агенција за храна и ветеринарство за „Скопје1“ информираат дека досега ниту еден сопственик на домашен миленик не пријавил појава на болест кај своето куче по преземањето од пансионот, иако имаше јавни сведоштва од сопственици на кучиња.

Надзорот, како што појаснуваат, бил спроведен исклучиво од аспект на здравствената заштита на животните и спречување евентуално ширење на заразни болести, а не во насока на утврдување одговорност за конкретниот смртен исход.

— реклама —

„Со постоечките закони за здравствена заштита и за благосостојба на животните правно не е регулирана работата на пансиони и хотели за домашни миленици односно АХВ не ги регистрира/одобрува и не издава дозволи за нивно работење“, велат од АХВ на прашањето дали утврдиле од што угинало кучето кое претходно било сместено во пансионот.

Од пансионот уште на 31 декември самите се пофалија дека инспекцискиот надзор не се однесувал за присуство на болеста, туку администрациска проверка.

media-librarylji3mfq9qa0cehAMc86

Случајот стана јавен по сведоштвото на Ана Пејковска, која објави дека нејзиното куче Мајло починало по престој во пансионот, тврдејќи дека било заразено со парвовироза и вратено во тешка здравствена состојба. По нејзините објави следуваа и други сведоштва од сопственици и поранешна практикантка, кои изнесоа сериозни наводи за условите и односот кон животните во објектот, додека пансионот во реакција негираше присуство на парвовирус и најави правни чекори против, како што велат, лажно информирање.

Од АХВ апелираат до сопствениците на кучиња да бидат одговорни, редовно да ги вакцинираат своите миленици, да ги тестираат доколку има сомнеж за заразна болест и да ги следат исклучиво официјалните информации од надлежните институции, додавајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана по завршување на целосната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvghf8bntf4ibbu2Xao7

По три дена, пансионот „Ав ав хепи дог“ негира присуство на парвовирус, иако сопственичка тврди дека таму и било заразено кучето кое угина

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања