„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сомнежи за парво вирус во пансион за кучиња во Скопје: сопственичка тврди дека миленикот ѝ угинал по престој во „Ав, ав“, заразени и други миленици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Скопје
media-libraryvghf8bntf4ibbu2Xao7

Ана Пејковска тврди дека нејзиното куче починало откако било оставено на чување во пансионот за кучиња „Ав, ав“, посочувајќи дека животното било вратено во тешка здравствена состојба и заразено со парвовироза. Таа за случајот јавно проговори на социјалните мрежи, каде објави дека, според неа, во пансионот има присуство на парво вирус и ги повика сопствениците итно да ги земат своите миленици.

— реклама —

„‘Ав, ав’ ми го убија кучето. Сите да си ги земете и однесете кучињата дома. Во хотелот има парво вирус. Земете си ги со време, пред да ви ги изгладнат без да ви кажат, со денови, и да ви умрат во раце штом ги земете“, напиша Пејковска во јавната објава.

Според нејзиното сведоштво, кучето по име Мајло престојувало десет ноќи во пансионот. На 25 декември, околу 17 часот, ѝ било вратено со објаснување дека тој ден не јадел и бил нерасположен. Таа тврди дека веднаш по преземањето, уште пред да стигнат дома, кучето повратило и се онесвестило, по што било однесено на итен ветеринарен преглед.

— реклама —

„На ветеринар ни рекоа дека има парво вирус и дека е речиси во крајна фаза. Кога ја контактирав ветеринарката за која ми беше кажано дека рекла дека кучето е добро, таа ми потврди дека имало крв во изметот – информација што јас никогаш не ја добив од пансионот. Мајло беше со обилно крвавење, од 5,5 килограми паднат под четири. Ми го вратија како сенка од куче. Ова не се случува за еден ден. Ова е резултат на денови болка, гладување и игнорирање“, наведува Пејковска.

Таа посочува дека, и покрај обидите на ветеринарите со инфузии и терапии, состојбата била веќе критична и кучето починало. Според неа, доколку пансионот навреме реагирал и ја информирал за здравствените проблеми, постоела реална шанса животното да преживее.

Редакцијата на „Скопје1“ утринава побара став од пансионот за кучиња „Ав, ав“, но до моментот на објавување на овој текст не добивме одговор, ниту реакција на поставените прашања.

media-libraryelst3hlvj66gfSX24AB

Во меѓувреме, Пејковска објави и комуникација, за која тврди дека била водена меѓу пансионот и друг корисник на нивните услуги, кој прашувал дали неговото куче било во контакт со заразениот и починат Мајло. Според објавените принт-скринови, сопственикот бил уверуван дека контакт немало, но подоцнежните тестирања покажале дека и тоа куче, иако возрасно и со претходни здравствени проблеми, било позитивно на парво вирус.

media-librarybb54cvhmo6bc5sGyWxx

Сведоштво објави и извесна Викторија Арсова, која тврди дека била еден ден на пракса во пансионот и дека таму видела, како што наведува, загрижувачка состојба. Таа во објава пишува дека кучињата биле сместени во боксови без вода, спиеле на плочки, а излегувањето надвор било краткотрајно и служело главно за фотографирање за социјалните мрежи. Арсова тврди и дека била сведок на груб однос кон животните, при што тие биле удирани со метла за да се придвижат во боксот.

media-libraryjhbru5gqoui05SQIABj

Дополнителни реакции се појавија и на официјалната фејсбук-страница на пансионот, каде корисници бараат објектот привремено да се затвори и да се изврши целосна дезинфекција поради сомнеж за присуство на парво вирус. Во коментарите се поставуваат и прашања дали пансионот планира јавно да информира дека просториите се потенцијално контаминирани.

media-libraryct77rki338t5brk9Uih

Во уште едно сведоштво, објавено без име, а споделено од Пејковска, сопственик на куче наведува дека неговиот миленик по шест ноќи престој во пансионот бил вратен значително ослабен и подоцна бил дијагностициран со парвовироза. „Ми рекоа дека бил под стрес и дека затоа не јадел“, стои во објавениот принт-скрин.

media-libraryil5tdjfeqqapdURoEvA

„Скопје1“ испрати прашања и до Агенцијата за храна и ветеринарство, од каде се очекува одговор дали пансионот „Ав, ав“ поседува валидна лиценца за работа, кој орган ја издал, дали досега имало пријави против објектот и дали е извршен инспекциски надзор по актуелните наводи.

media-librarybb54cvhmo6bc5sGyWxx

Јавно реагираше и пејачката Бојана Скендеровски.

media-libraryj93oc8ipoqcr8KvTjKb

Парвовирозата е тешко вирусно заболување кај кучињата, кое најчесто ги погодува помладите животни, но може да се јави и кај возрасни кучиња. Станува збор за исклучително заразна болест, при која заразените животни претставуваат сериозен ризик за останатите кучиња, поради што е неопходна изолација и строги мерки за дезинфекција. Ветеринарите предупредуваат дека навремената реакција е клучна за преживување, а институционалната контрола на објектите за чување животни е од суштинско значење за спречување вакви трагични случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk5eeclplquot4L24qEc

Сѐ повеќе чипирани кучиња фрлени на улица: „Лајка“ алармира за сериозен колапс во одговорното сопствеништво

Скопје | пред 1 месец

media-libraryv2jast3rci54ba5k0OO

(Видео) Отруени кучиња во близина на училиште во Кичево, граѓаните згрозени: Паѓаа пред нас, имаа пена на устата

Македонија | пред 2 месеци

kucina415

(Видео) „Не се поднесува веќе“ – туристички водич реагира поради глутници кучиња во Скопје

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2024-02-25-at-10.25.03

Се убиваат кучиња во Лисиче: Внимавајте на вашите маалски и домашни миленици

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања