Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

(Видео) Пет кученца фрлени на улица, снимен сопственикот кој не сакал да ја стерилизира неговата кучка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-librarydrkpfggegl615FzL90S

„Анима Мунди“ објави снимка на која скопјанец исфрла пет кученца на улица, од кучка што ја чувал без да ја стерилизира, и бара одговорност за суровиот и опасен чин. Здружението нагласува дека бездомништвото е резултат на неодговорно сопствеништво и дека решението е контрола на изворот преку стерилизација. Масовно стационирање, дислокации или еутаназија не даваат траен ефект, туку создаваат „вакуум ефект“.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Скопјанец исфрлил пет кучиња на улица, кој биле одземени од кучката кој тој ја чува и не била стерилизирана. Снимката ја објави „Анимка Мунди“ кои посочуваат дека ова е неодговорно сопствеништво и бараат одговорност бидејќи потегот е суров и штетен. Од видеото се слуша како жена му се обраќа на лицето дека со потегот кој го прави ризикува малите кучиња да бидат згазени од возило, притоа му укажува дека нема кој да ги храни. Тој и посочува таа да се грижи за кучињата кои тој ги исфрла.

— реклама —

„Популацијата на бездомни животни е предвидлив, математички објаснив феномен -секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија никаде не дале трајни резултати. Напротив, создаваат „вакуум ефект“ - испразнетиот простор повторно се пополнува ако изворот остане неконтролиран“, напиша Анима Мунди.

Од здружението посочуваат дека проблемите кои произлегуваат од човечко однесување не се решаваат со справување со последиците, туку со регулирање на изворот. Популацијата на бездомни животни, велат тие, е предвидлив феномен – секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа, според нив, мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија не даваат трајни резултати, туку создаваат таканаречен „вакуум ефект“, при што испразнетиот простор повторно се пополнува доколку изворот остане неконтролиран.

— реклама —

„Не ни требаат повеќе стационари – ни треба систем што ќе ги празни, а не што ќе ги полни“, наведуваат од „Анима Мунди“, додавајќи дека отворањето нови капацитети без запирање на приливот е краткорочно решение што индиректно испраќа порака дека неодговорноста ќе биде апсорбирана од институциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3oo007s5qjd9frBrrzW

Судско рочиште за закланите коњи во ЗОО Скопје, „Анима Мунди“ прашува: Чии се коњите кои биле одземени и потоа заклани?

Македонија | пред 1 седмица

media-library558kdnt22jjqdn63hj6

„Анима Мунди“ бара напуштањето миленик да стане кривично дело: Пет од шест заловени кучиња имаат сопственик

Македонија | пред 3 седмици

media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Кучиња од Албанија со ушни маркици најдени на улица во Скопје, тврди Анима Мунди

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-4680PM

Анима Мунди: Судот денес ќе покаже дали ќе има казна за убиството на коњите во ЗОО Скопје

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања