Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Судско рочиште за закланите коњи во ЗОО Скопје, „Анима Мунди“ прашува: Чии се коњите кои биле одземени и потоа заклани?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
media-library3oo007s5qjd9frBrrzW

„Анима Мунди“ реагира дека ЗОО Скопје и Државното правобранителство молчат и не одговориле на барањата за информации за случајот со закланите коњи од јули 2022, пред новото рочиште денес во 10:30. Тие бараат да се разјасни чија сопственост се одземените животни, кој е одговорен за нивната благосостојба и кој е оштетена страна при нивно убивање, предупредувајќи на опасна правна празнина. Здружението критикува што случајот се води како „несовесно работење“, наместо „мачење животни“, и најавува жалби и инсистирање на целосна одговорност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, реагираат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. Во пресрет на новото судско рочиште за случајот со закланите коњи во Зоолошката градина Скопје од јули 2022 година, кое како што информираат, треба да се оддржи денеска во 10:30 часот, здружението испратило барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до ЗОО Скопје и до Државното правобранителство.

— реклама —

„Со барањата побаравме одговор , меѓу другото, на едно суштинско прашање: Чии се коњите кои биле одземени од сторители на кривични дела, ставени под институционална грижа и потоа заклани? Покрај конкретните прашања поврзани со самиот случај, испративме и генерички, системски прашања за правниот статус на одземените животни -кој е нивниот сопственик, кој е одговорен за нивната благосостојба и кој се смета за оштетена страна кога такви животни се убиваат. Ниту едно прашање од овие барања не е одговорено“.

Ова молчење, како што велат е особено загрижувачко затоа што не се бараат информации што би ја попречиле судската постапка. Напротив, според нив, станува збор за основни прашања од јавен интерес за функционирањето на системот.

— реклама —

„Ако институциите не можат или не сакаат да одговорат чија сопственост се животните што државата ги одзема, тогаш се отвора опасна правна празнина: дали е можно живи суштества да бидат одземени од криминал, ставени под институционална грижа, а потоа да се третираат како ничии , да си ги примопредаваат како ќе им текне и за која и да е намена-невидливи и без правна заштита? Ако нема сопственик, тогаш „нема оштетена страна”. А ако нема оштетена страна, тогаш малтене нема ни штета. Со други зборови, животните стануваат правно безвредни.

За нас е особено скандалозно што во овој случај, масакр врз животни затекнат од полиција, наместо да се третира како „мачење и малтретирање на животни”, се сведува на обвинение за „несовесно работење во службата”. Станува збор за организирано колење на животни во државна институција -пред сведоци и пред очите на јавноста. Полиција упаднала додека траел самиот чин и извела приведување . Ако ваков очигледен случај, црно на бело и документиран, помине без вистинска одговорност, тоа ќе испрати опасна порака дека системот може да ги направи животните ничии, а со тоа и нивното страдање правно неважно“.

Информираат дека одговорите на нивните барањата за информации од јавен карактер се обзжалени а од институциите очекуваат одговори. Јавноста, додаваат од здружението, има право да знае се, и ќе инсистираат на целоска одговорност за, како што велат, ладнокрвните убиства на овие несреќни животни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydrkpfggegl615FzL90S

(Видео) Пет кученца фрлени на улица, снимен сопственикот кој не сакал да ја стерилизира неговата кучка

Скопје | пред 2 седмици

media-library558kdnt22jjqdn63hj6

„Анима Мунди“ бара напуштањето миленик да стане кривично дело: Пет од шест заловени кучиња имаат сопственик

Македонија | пред 2 седмици

media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Кучиња од Албанија со ушни маркици најдени на улица во Скопје, тврди Анима Мунди

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-4680PM

Анима Мунди: Судот денес ќе покаже дали ќе има казна за убиството на коњите во ЗОО Скопје

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања