Промени тема
Контакт

Мајка и дете нападнати од бездомни кучиња кај Цементарница, бараат реакција од институциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Скопје
media-libraryidp924v7036ad0oOuSa
unsplash alexas_photos

Мајка и нејзиното седумгодишно дете за малку избегнале сериозни повреди откако три бездомни кучиња ги нападнале во близина на Цементарница во скопската општина Кисела Вода.

— реклама —

Според сведоштвото што жената го споделила на социјалните мрежи, нападот се случил на тротоарот покрај булеварот „Борис Трајковски“, во близина на бензинската станица „Лукоил“. За да се спасат од кучињата, таа и детето биле принудени да истрчаат на коловозот по кој се движеле автомобили.

— реклама —
— реклама —

Жената веднаш го пријавила случајот во полиција, од каде што ја упатиле во ЈП „Лајка“, со образложение дека полицијата не е надлежна за бездомните кучиња. Таа посочува дека претпријатието нема доволно капацитети да ги задржи сите улични животни и работи според принципот на заловување, стерилизација и враќање на животните на локацијата.

Мајката бара итна реакција од надлежните институции и одговорност за безбедноста на граѓаните, особено на децата. Таа прашува дали е потребно да се случи трагедија за институциите посериозно да се зафатат со проблемот со бездомните кучиња.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk1k3sfdvrubl5ZjMy5h

(Фото) „Ми го повлекоа детето од раце, со последни сили го извлеков“: Мајка сведочи за хорор со две кучиња во кичевско

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-libraryo231spenait87yknRKT

(Видео) Кучиња трчаат по луѓе во Карпош, избегнат напад во последен момент

Скопје | пред 6 месеци

media-librarydrkpfggegl615FzL90S

(Видео) Пет кученца фрлени на улица, снимен сопственикот кој не сакал да ја стерилизира неговата кучка

Скопје | пред 7 месеци

media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Веднаш да се активира Безбеден град за на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје, велат од ЗХГ

Скопје | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања