„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

По три дена, пансионот „Ав ав хепи дог“ негира присуство на парвовирус, иако сопственичка тврди дека таму и било заразено кучето кое угина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Скопје
media-libraryvghf8bntf4ibbu2Xao7

По три дена молк, пансионот за кучиња „Ав ав хепи дог“ се огласи во јавноста, негирајќи дека во објектот е утврдено присуство на парвовирус и наведувајќи дека, како што тврдат, не постои официјален наод што укажува на заразна болест кај кучињата згрижени во пансионот.

— реклама —

Во писмената реакција, управителката на „Ав ав хепи дог“ ДООЕЛ Скопје, Наде Богоевска, наведува дека актуелниот инспекциски надзор не се однесува на постоење вирус, туку на технички и административни аспекти од работењето на објектот. Од пансионот информираат дека со Агенцијата за храна и ветеринарство соработуваат целосно и транспарентно и дека ги почитуваат сите пропишани процедури, апелирајќи граѓаните да се воздржат од шпекулации и информации што, според нив, не се потврдени од надлежните институции.

„Во врска со информациите што се шират на социјалните мрежи, информираме дека во нашиот објект не е утврден парвовирус, ниту пак постои официјален наод кој укажува на заразна болест. Инспекцискиот надзор се однесува на технички и административни точки, а не на постоење вирус. Со АХВ соработуваме целосно и транспарентно и ги почитуваме сите пропишани процедури.Ги молиме граѓаните да се воздржат од шпекулации. Сите официјални информации ќе ги соопштат надлежните институции — не социјалните мрежи. АВ АВ Хепи Дог секогаш работи по строг режим на хигиена и биосигурност и останува посветен на заштита на животните. Единствена овластена институција која треба да го даде конечниот одговор е Агенцијата за храна и ветерина која тоа ќе стори во најкус можен рок, бидејќи постапката пред оваа агенција е во тек“, се наведува во соопштението, во кое се посочува и дека секое, како што велат, лажно информирање на јавноста ќе биде пријавено до МВР и надлежното Јавно обвинителство.

— реклама —

Истовремено, од Агенцијата за храна и ветеринарство за „Скопје1“ претходно информираа дека по добиени иницијативи и претставки, официјален ветеринар во моментот спроведува вонреден инспекциски надзор во пансионот лоциран во скопската населба Бардовци, поради сомнеж за циркулирање на заразна болест кај кучињата. Наводите во претставките, според АХВ, се однесуваат на сомнеж за појава на парвовироза.

Од Агенцијата појаснија дека со постојната законска регулатива работата на пансиони и хотели за домашни миленици не е системски регулирана, односно тие не се регистрираат и не се одобруваат од АХВ, поради што постапуваат исклучиво од аспект на здравствена заштита и спречување на ширење заразни болести кај животните. Воедно, беше најавено дека во новиот закон за здравствена заштита и благосостојба на животните, кој е во финална фаза на подготовка, оваа област ќе биде регулирана, а пансионите ќе мора да исполнуваат одредени услови и да добијат одобрение од АХВ.

Агенцијата упати и апел до сопствениците на кучиња да бидат одговорни, да ги микрочипираат своите миленици, да поседуваат валиден пасош, да ги вакцинираат против заразни болести и редовно да ги третираат со средства против паразити. Од АХВ најавија дека јавноста дополнително ќе биде информирана за наодите од надзорот, потенцирајќи дека единствена институција која може да даде конечен одговор е токму Агенцијата за храна и ветеринарство, бидејќи постапката сѐ уште е во тек.

Случајот излезе во јавноста по сведочењето на Ана Пејковска, која јавно тврдеше дека нејзиното куче починало откако било оставено на чување во пансионот „Ав ав“. Таа наведе дека кучето било вратено во тешка здравствена состојба и дека, според ветеринарната дијагноза, било заразено со парвовироза. Пејковска на социјалните мрежи ги повика сопствениците итно да ги земат своите кучиња, тврдејќи дека во објектот има присуство на парво вирус.

Според нејзиното сведоштво, кучето по име Мајло престојувало десет ноќи во пансионот, а по преземањето на 25 декември било во критична состојба, со повраќање и губење на свеста. Таа тврди дека ветеринарите утврдиле дека болеста била во напредна фаза и дека, и покрај обидите за лекување, животното починало. Пејковска смета дека доколку навреме била информирана и доколку било реагирано порано, кучето имало шанса да преживее.

media-libraryvghf8bntf4ibbu2Xao7

Сомнежи за парво вирус во пансион за кучиња во Скопје: сопственичка тврди дека миленикот ѝ угинал по престој во „Ав, ав“, заразени и други миленици

Ана Пејковска тврди дека нејзиното куче починало откако било оставено на чување во пансионот за кучиња „Ав, ав“, посочувајќи дека животното било вратено во тешка здравствена состојба и заразено со парвовироза. Таа за случајот јавно проговори на социјалните мрежи, каде објави дека, според неа, во пансионот има присуство на парво вирус и ги повика сопствениците итно да ги земат своите миленици.„‘Ав, ав’ ми го убија кучето. Сите да си ги земете и однесете кучињата дома. Во хотелот има парво вирус. Земете си ги со време, пред да ви ги изгладнат без да ви кажат, со денови, и да ви умрат во раце штом ги земете“, напиша Пејковска во јавната објава.Според нејзиното сведоштво, кучето по име Мајло престојувало десет ноќи во пансионот. На 25 декември, околу 17 часот, ѝ било вратено со објаснување дека тој ден не јадел и бил нерасположен. Таа тврди дека веднаш по преземањето, уште пред да стигнат дома, кучето повратило и се онесвестило, по што било однесено на итен ветеринарен преглед.„На ветеринар ни рекоа дека има парво вирус и дека е речиси во крајна фаза. Кога ја контактирав ветеринарката за која ми беше кажано дека рекла дека кучето е добро, таа ми потврди дека имало крв во изметот – информација што јас никогаш не ја добив од пансионот. Мајло беше со обилно крвавење, од 5,5 килограми паднат под четири. Ми го вратија како сенка од куче. Ова не се случува за еден ден. Ова е резултат на денови болка, гладување и игнорирање“, наведува Пејковска.Таа посочува дека, и покрај обидите на ветеринарите со инфузии и терапии, состојбата била веќе критична и кучето починало. Според неа, доколку пансионот навреме реагирал и ја информирал за здравствените проблеми, постоела реална шанса животното да преживее.Редакцијата на „Скопје1“ утринава побара став од пансионот за кучиња „Ав, ав“, но до моментот на објавување на овој текст не добивме одговор, ниту реакција на поставените прашања.Во меѓувреме, Пејковска објави и комуникација, за која тврди дека била водена меѓу пансионот и друг корисник на нивните услуги, кој прашувал дали неговото куче било во контакт со заразениот и починат Мајло. Според објавените принт-скринови, сопственикот бил уверуван дека контакт немало, но подоцнежните тестирања покажале дека и тоа куче, иако возрасно и со претходни здравствени проблеми, било позитивно на парво вирус.Сведоштво објави и извесна Викторија Арсова, која тврди дека била еден ден на пракса во пансионот и дека таму видела, како што наведува, загрижувачка состојба. Таа во објава пишува дека кучињата биле сместени во боксови без вода, спиеле на плочки, а излегувањето надвор било краткотрајно и служело главно за фотографирање за социјалните мрежи. Арсова тврди и дека била сведок на груб однос кон животните, при што тие биле удирани со метла за да се придвижат во боксот.Дополнителни реакции се појавија и на официјалната фејсбук-страница на пансионот, каде корисници бараат објектот привремено да се затвори и да се изврши целосна дезинфекција поради сомнеж за присуство на парво вирус. Во коментарите се поставуваат и прашања дали пансионот планира јавно да информира дека просториите се потенцијално контаминирани.Во уште едно сведоштво, објавено без име, а споделено од Пејковска, сопственик на куче наведува дека неговиот миленик по шест ноќи престој во пансионот бил вратен значително ослабен и подоцна бил дијагностициран со парвовироза. „Ми рекоа дека бил под стрес и дека затоа не јадел“, стои во објавениот принт-скрин.„Скопје1“ испрати прашања и до Агенцијата за храна и ветеринарство, од каде се очекува одговор дали пансионот „Ав, ав“ поседува валидна лиценца за работа, кој орган ја издал, дали досега имало пријави против објектот и дали е извршен инспекциски надзор по актуелните наводи.Јавно реагираше и пејачката Бојана Скендеровски.Парвовирозата е тешко вирусно заболување кај кучињата, кое најчесто ги погодува помладите животни, но може да се јави и кај возрасни кучиња. Станува збор за исклучително заразна болест, при која заразените животни претставуваат сериозен ризик за останатите кучиња, поради што е неопходна изолација и строги мерки за дезинфекција. Ветеринарите предупредуваат дека навремената реакција е клучна за преживување, а институционалната контрола на објектите за чување животни е од суштинско значење за спречување вакви трагични случаи.

Скопје | пред 2 дена

Во меѓувреме, таа објави и комуникации со други сопственици на кучиња, кои, според нејзините тврдења, по престој во истиот пансион добиле позитивни резултати на парвовироза. Дополнително сведоштво објави и лице кое тврди дека било на пракса во пансионот, опишувајќи, како што наведува, загрижувачки услови за чување на животните, наводи што пансионот досега не ги коментираше поединечно.

Редакцијата на „Скопје1“ во изминатите три дена безуспешно се обидуваше да добие одговор на конкретни прашања упатени преку нивниот официјален профил на социјалните мрежи.

Парвовирозата е исклучително заразно вирусно заболување кај кучињата, кое може да има фатален исход, особено доколку не се реагира навреме. Ветеринарите предупредуваат дека изолацијата на заболени животни и строгите мерки за дезинфекција се клучни за спречување на ширење на вирусот, а институционалната контрола на објектите за згрижување животни останува прашање од сериозен јавен интерес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybiev6rt70gco3DkmFgt

Под лупа на инспекциските служби на АХВ и рестораните, месарниците и рибарниците

Македонија | пред 1 ден

media-library5oa7gdukklokdK76i2X

АХВ затвори 9 новогодишни куќарки во Струга поради сериозни хигиенски пропусти

Македонија | пред 1 седмица

media-library1b69k04qlg546TOjRVB

АХВ направи контроли на детските новогодишни пакетчиња: Утврдени се минимални недоследности

Македонија | пред 1 седмица

pilesko-meso

Стопиран увоз на замрзнато пилешко на Ќафасан поради ризик од птичји грип

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања