Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Папата во посета на Шпанија и на Канарските острови: фокус на мигрантите и човековите права

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав XIV изјави за време на летот од Рим кон Мадрид, на почетокот на својата посета на Шпанија, дека ќе патува и на Канарските острови каде што ќе ги посети мигрантите, со цел да упати порака за „почитување на секое човечко битие“.

Папата рече дека се надева оти неговото патување ќе даде добар пример за светот и дека ќе се обиде да пренесе порака за „милосрдие и почитување на секое човечко битие“, наведувајќи дека тоа е главната порака на неговата посета, пренесе Ројтерс.

— реклама —

Претседателот на Италија Серџо Матарела упати порака до папата Лав по повод патувањето во Шпанија, наведувајќи дека мирот се раѓа во срцата и дека „никогаш не смееме да се помириме со војната“.

— реклама —

Матарела оцени дека меѓународниот контекст, обележан со конфликти и страдање, повторно отвора прашања за животот и иднината, како и дека Шпанија, Италија и Европа имаат големи предизвици во зачувување на стабилноста, безбедноста и напредокот.

— реклама —

Тој додаде дека посебното внимание на папата кон младите, мигрантите и другите ранливи групи ќе придонесе за афирмација на човечкото достоинство и зајакнување на инклузијата, како и враќање на Медитеранот на неговата улога како простор на дијалог и солидарност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryg2bthngk99isbbKixUA

(Видео) Масовен пречек за папата Лав во Шпанија, над милион верници на улиците

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV ги осуди терористичките напади во Сахел

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV: САД и Иран да се вратат на преговори

Свет | пред 3 месеци

media-librarya3tj8nogcos33PEf3BB

Папата Лав XIV: Не ми е во интерес конфликт со Трамп

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања