Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пецаков и амбасадорот Савада на увид во општата болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
POTPISUVANJE_JAPONSKA02.11-92-scaled-1

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и јапонскиот амбасадор во земјава, Хиронори Савада денеска во ЈЗУ „Општата Болница“ извршија увид на ренген апаратот што претходно го донираше јапонската амбасада.

— реклама —

Во изјава за медиумите градоначалникот Пецаков се заблагодари за оваа вредна донација.

— реклама —

–Денеска со амбасадорот Хиронори Савада направивме увид на новата опрема која ја донираа Јапонската амбасада и јапонскиот народ за потребите на Општата Болница. Станува збор за најсовремен подвижен Ренген апарат во вредност од 60. 000 евра. Упатувам огромна благодарност за оваа вредна и многу значајна донација за нас. Оваа донација е уште еден важен пример за нашето долгогодишно пријателство и меѓусебна соработка. Ја користам оваа можност да се заблагодарам на јапонската влада и јапонскиот народ за сите досегашни проекти кои ги реализиравме со нивна поддршка, а тоа се: Проект за реновирање на санитарните јазли во ОУ „Христо Узунов“, Проект за набавка на медицинска опрема во Медицински Центар- Охрид, Проект за набавување кревети и машини за копирање во детската градинка „Јасна Ристеска“, Проект за подобрување на медицинската средина преку набавка на пренослива ренген машина за Општа Болница и Проектот за обезбедување возило за чистење отпадни води во канализациониот систем за потребите на Општина Охрид односно ЈП „Нискоградба“. Искрено се надевам дека и во иднина ќе воспоставиме низа нови партнерства за институционален развој и градење капацитети во повеќе општествени сегменти – рече градоначалникот Пецаков.

Амбасадорот Савада ги посочи донациите на јапонската влада во Македонија.

— реклама —

-Преку проектите од програмата за мали грантови ( GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирани возила за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина- истакна амбасадорот Савада – посочувајќи дека помошта е во различни сектори во вкупна вредност од 423 милиони евра.

Директорот на ЈЗУ „Општа Болница“ д-р Асен Шајн се заблагодари за донираниот рентген апарат на кој во период од јуни до септември годинава имало 50.000 прегледи. Донациите од Јапонија во оваа здравствена установа датираат од 90-те години на минатиот век, а кулминирале во 2016 година кога институцијата добила амбулантно возило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Почина 57-годишен маж откако се превртело пловилото со кое управувал во Охридското Езеро

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarygpfh31afti265nPFb3R

„Охридски комуналец“ со апел до граѓаните: Не приближувајте се до ископот кај поранешните подземни контејнери

ОО | пред 1 седмица

media-librarye9d0qqtdkbk03Ee2GvW

Пецаков: Да го чуваме споменот на хероите кои се жртвуваа за слободна Македонија

ОО | пред 2 седмици

media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Од понеделник „Безбеден град“ се активира и во Охрид

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања