Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Пецаков во обиколка на градежните активности во Охрид: Во моментов се работи на 10 локации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
313336903_549894803817205_1668642515846241969_n

Денеска извршивме обиколка на дел од градежните активности кои се одвиваат на територија на Општина Охрид. Во моментов се работи на 10 локации, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

„Ги посетивме активностите за изградба на фекална канализација кои се одвиваат на краци од улиците ,,Дејан Војвода" и ,,Ариф Мустафа". На ,,Дејан Војвода" канализацијата е во должина од 130 метри, а на ,,Ариф Мустафа " во должина од 120 метри.

— реклама —

Направивме обиколка на активностите за изведба на нова водоводна линија во Лескоец во должина од 610 метри. Вредноста на овој зафат е околу 1 800 000 денари.

— реклама —

Ја посетивме улицата ,,Мирка Гинова". Тука асфалтирањето беше во должина од 140 метри и ширина од 4 метри.

Велгошти добива ново повеќенаменско игралиште. Вредноста на овој проект е околу 3 700 000 денари.

— реклама —

На крај ги посетивме активностите кои се одвиваат на крак на улицата ,,Радојца Новичиќ" и улицата ,,Будва".

— реклама —

На ,,Радојца Новичиќ" се работи на оформување на тротоарски површини, се постави ново осветлување, каблите се спуштија под земја и се изгради ѕид во речното корито на реката Сушица.

На ,,Будва" се врши гребење на стариот асфалт и улицата се подготвува за асфалтирањето. Претходно на двете улици се замени и прошири фекалната канализација“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryejbjkbqsdssb7iWOZzl

За смртта на Кристијан Љушев во Охрид ќе одговараат две фирми и две лица, оти го држеле “на црно” и без никаква заштита на работа

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryeidtp7m4fhvr0UnwawM

Запленети 100 метри рибарски мрежи со 239 парчиња риба во Охридското Езеро

Македонија | пред 2 дена

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Охриѓанец возел мртов пијан и предизвикал сообраќајка, полицијата му го одзеде автомобилот

Македонија | пред 5 дена

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања