Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пекол на северот на Иран: Две бебиња и десетици цивили загинаа во смртоносен напад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryuticfkoagm3t24zQhbr

Најмалку 18 лица, вклучувајќи и две деца, загинаа денеска во воздушен напад врз иранската провинција Алборз, додека најмалку 24 лица се повредени, пренесуваат светските новински агенции и иранските државни медиуми.

— реклама —

Нападите, според достапните информации, погодиле густо населени станбени области во провинцијата која се наоѓа северно од Техеран. Сите повредени се пренесени во локални медицински центри, а се стравува дека бројот на жртви може да расте.

Според извештаите, меѓу загинатите се и две бебиња.

— реклама —

Покрај Алборз, забележани се и напади врз петрохемиски постројки во Шираз, како и на аеродромот во Хорамабад. Израелската војска издаде и итно предупредување до иранските цивили да избегнуваат железничка инфраструктура, наведувајќи дека таа би можела да биде цел на идни напади.

— реклама —

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека милиони граѓани се подготвени да ја бранат земјата, наведувајќи дека повеќе од 14 милиони Иранци доброволно се пријавиле за одбрана.

„Повеќе од 14 милиони горди Иранци до сега изразија спремност да го жртвуваат својот живот за одбрана на Иран. И јас бев, сум и ќе бидам подготвен да го жртвувам својот живот за Иран“, напиша Пезешкијан на платформата X.

Во меѓувреме, дипломатските напори за постигнување прекин на огнот се во тек. Посредници од Пакистан и други земји се обидуваат да започнат преговори, но Иран засега ги одбива таквите иницијативи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања