Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Пелистерка: Не постои одлука на акционерско собрание за продажба на Стопанска банка АД Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-42-5960PM

Пелистерка АД Скопје, заедно со поврзано правно лице ТИМОХ ДОО Скопје, во својство на квалификувани акционери во Стопанска банка АД Битола со 21.85% од акциите, велат дека не постои одлука на акционерско собрание за продажба на Стопанска банка АД Битола.

— реклама —

Тие во нивното соопштение наведуваат:

— реклама —

„Како носители на 21.85% од акциите на Стопанска банка АД Битола и во својство на квалификувани акционери сакаме да им укажеме на сите други помали акционери, севкупната македонска јавност како и на одредени засегнати страни дека банкарскиот пазар во Македонија е целосно регулиран преку Народна банка на Република Северна Македонија.

— реклама —

Сакаме да потенцираме дека секоја информација во однос на било каква трговија со акциите на Стопанска банка АД Битола, а поголема од 5% мора да биде одобрена од Народна банка на Република Северна Македонија. Исто така секој потенцијален инвеститор кој има намера да се стекне со поголем дел од акциите, најпрво мора да добие одобрување од НРБ, па дури потоа да достави соодветна понуда до акционерите.

Секоја постапка како и евентуални преговори без следење на оваа законска регулатива и без вклученост на НРБ се во сферата на шпекулативни информации и дополнително укажуваме на постоење на основани сомневања за кривична одговорност.

Како квалификувани акционери сакаме јавно да информираме дека до овој момент не постои одлука на Акционерско собрание за продажба на Стопанска банка АД Битола и никој не може да ја донесе истата без согласност на мнозинството акционери.

Апелираме до медиумите и засегнатите страни да се воздржат од пласирање на шпекулативни информации до оддржување на Акционерското собрание, бидејќи истите можат да предизвикаат штета на тековното работење на Стопанска банка АД Битола“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

p-19

„Пелистерка“ започнува нова успешна приказна со Шаховската федерација на Македонија.

Магазин | пред 11 месец

3S3A6210

Поделена 25 тони „Пелистерка“: Рекордни 13.400 учесници на скопските улици на „Скопски маратон“

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-42-5960PM

Пелистерка АД: Понудата на Комерцијална за откуп на акциите на Стопанска банка АД Битола не е соодветна со вредноста на банката

Македонија | пред 1 година

pandeleski-siljanovska

Панделевски и „Пелистерка“ добитници на наградата „World Vision 2024“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања