Промени тема
Контакт

Пентагон подготвува воени опции против Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Pentagon

Пентагон подготвува можни воени опции против Иран, кои треба да му бидат презентирани на американскиот претседател Доналд Трамп, јави Ројтерс, повикувајќи се на американски претставник.

На брифингот ќе учествуваат и министерот за одбрана Пит Хегсет, како и началникот на здружениот генералштаб Ден Кејн. Засега не се откриваат конкретните опции, но се очекува тие да бидат насочени кон притисок врз Техеран да влезе во преговори за прекин на конфликтот.

— реклама —

Според Аксиос, подготвен е план за „краток и силен“ бран удари врз инфраструктурни цели во Иран, како и сценарио за преземање контрола врз дел од Ормуски теснец со цел повторно отворање за комерцијален бродски сообраќај.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека евентуалната американска блокада на иранските пристаништа е „осудена на пропаст“ и ќе ја влоши нестабилноста во регионот.

— реклама —

Дополнително, иранскиот функционер Мохсен Резаи предупреди дека Техеран нема да толерира поморска блокада и дека ќе возврати доколку таа продолжи.

— реклама —

Врховниот лидер Моџтаба Хамнеи порача дека во Персискиот Залив и Ормускиот теснец се отвора „ново поглавје“, обвинувајќи го американското воено присуство за нестабилноста во регионот и најавувајќи дека Иран нема да се откаже од своите воени капацитети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryi2ap9e5aj7lf8vEtVcJ

(Видео) Иран објави видео за наводен атентат врз синот на Трамп, сега тврди: „Тоа се лаги на Нетанјаху“

Свет | пред 3 дена

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иран и Оман договорија привремен коридор за бродовите низ Ормускиот Теснец

Свет | пред 5 дена

iran

„Подготвени сме 100 отсто“: Иран тврди дека ги подобрил системите по последните судири

Свет | пред 5 дена

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран со жестоко предупредување: „Ниту една капка нафта нема да излезе од Персискиот Залив“

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања