Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пентагон: Војната со Иран досега ги чинела САД 29 милијарди долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
pentagon

Американската воена операција против Иран досега ги чинела САД околу 29 милијарди долари, што е повеќе од првичната проценка од 25 милијарди долари што Пентагон ја достави до Конгресот пред две недели.

— реклама —

Информацијата ја соопшти Џеј Херст, кој моментално ја извршува функцијата контролор на Пентагон, за време на сослушување пред Комитетот за буџетски издвојувања во Претставничкиот дом.

— реклама —

Според него, проценките постојано се ревидираат поради новите трошоци за поправка и замена на опрема, како и поради оперативните трошоци за одржување на американските сили на терен.

Американската телевизија CNN претходно објави дека проценката од 25 милијарди долари била потценета и дека не ги вклучувала трошоците за санирање на штетите врз американските бази на Блискиот Исток.

— реклама —

Еден извор за медиумите изјавил дека реалната цена на конфликтот, доколку се пресметаат поправките и замената на оштетената опрема, би можела да достигне меѓу 40 и 50 милијарди долари.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјавил дека Пентагон ќе сподели дополнителни информации за трошоците „кога тоа ќе биде релевантно и потребно“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiv4ibsq218v9ckoGtY7

САД ја откажаа заедничката фотографија на министрите од Г20 поради присуството на Лавров

Свет | пред 12 часа

— реклама —
Policija

Мајка во САД ги задушила трите деца со ленти за вежбање, поранешниот сопруг ги тужи психијатарот и медицинската сестра кои ја лекувале од постпородилна психоза

Свет | пред 23 часа

rast-na-berzi

Волстрит расте и покрај стравувањата од ново зголемување на каматите во САД

Свет | пред 1 ден

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања