Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Перински од Вевчани: Здружување на општини е решение за ограничените административни капацитети на малите општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library0r1iherp8ut0fP8p6qr

Министерството за локална самоуправа информира дека министерот Златко Перински во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“ остварил работна посета на Општина Вевчани.

— реклама —

Се наведува дека при посетата Перински одржал средба со градоначалникот Спасе Кочовски, како и со членовите на Советот и општинската администрација, на која се разговарало за реализацијата на проектите одобрени во 2025 година и за тековните потреби за поддршка од централната власт.

— реклама —

Од Министерството наведуваат дека посебен акцент бил ставен на унапредување на законската рамка за меѓуопштинска соработка, при што се нагласува дека здружувањето на општините, особено на помалите, е решение за ограничените административни и финансиски капацитети.

Се истакнува дека целта е создавање функционална законска рамка која ќе ја олесни и поттикне меѓуопштинската соработка, како и обезбедување институционална и експертска поддршка преку Ресурсниот центар.

— реклама —

Од Општина Вевчани се наведува дека во рамки на јавните повици за капитална инфраструктура се одобрени девет проекти во вредност од 25.869.953 денари, додека во текот на 2025 година се реализирани три проекти насочени кон енергетска ефикасност, јакнење на општинските капацитети и подобрување на комуналните услуги.

— реклама —

Министерството за локална самоуправа најавува продолжување на активностите со фокус на зајакнување на локалните капацитети, намалување на регионалните разлики и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_6436

„Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка“, вели Перински

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarysukgo8k05tpaaqBf264

Над 1.100 инфраструктурни проекти одобрени во општините, вели Перински

Македонија | пред 1 ден

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Перински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршка

Македонија | пред 2 дена

media-libraryls8du2ot6g9f6U3hn2a

Перински: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања