Промени тема
Контакт

Перински: Потпишани Меморандуми за соработка со шест високообразовни институции во државата за потребите на Ресурсниот центар за поддршка на општините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryq98pil9rlmd17eKi6OF

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска потпиша меморандуми за соработка со шест високообразовни институции во земјата, со што се воспоставува нова рамка за поврзување меѓу државните политики и академската заедница во функција на јакнење на општинските капацитети.

Со документите се предвидува вклучување на универзитетите во активностите на Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку ангажирање на академска експертиза и научно-истражувачки потенцијал во области што се во надлежност на локалната самоуправа.

— реклама —

Перински истакна дека оваа соработка претставува значаен чекор кон системско зајакнување на општините и подобрување на локалните услуги за граѓаните, нагласувајќи дека поврзувањето на теоријата и практиката ќе донесе поквалитетни решенија на локално ниво.

Меморандуми беа потпишани со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

— реклама —

Иницијативата има за цел да овозможи поголема стручна поддршка за општините и унапредување на локалниот развој преку директна соработка со академските институции

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

24072024_Perinski_1

Перински најави засилени контроли на боледувањата и лекувањата во странство

Македонија | пред 4 седмици

IMG_6436

Златко Перински ја презема функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување

Македонија | пред 1 месец

IMG_6436

„Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка“, вели Перински

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysukgo8k05tpaaqBf264

Над 1.100 инфраструктурни проекти одобрени во општините, вели Перински

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања