Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Перински во посета на ТППЕ Куманово: Подобрена е ефикасноста за заштита и превенција од пожари во североисточниот регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
perinski-kumanovo-pozarna-1

Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија овозможија кумановските пожарникари побрзо и поефикасно да се справуваат со пожарите на отворено преку проектот „Одржлив и рамномерен регионалн развој“ фаза 2 во чии рамки се купија три специјални возила, опрема, а во функција ќе биде ставена и мобилна апликација за рана дојава на пожари.

— реклама —

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ја посети ТППЕ Куманово, каде и официјално беше означена имплементацијата на проектот преку кој се презедоа мерки за заштита и превенција од пожари во регионот на општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце. Министерот Перински имаше можност да ја види набавената опрема и да ги слушне позитивните искуства на пожарникарите чии услови за работа сега се значително подобрени.

— реклама —

На презентацијата присуствуваа и Претседателот на Совет на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, градоначалниците на Општина Ранковце, Борче Спасовски, в.д. градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Бобан Цветановски, директорот на Центар за развој на Североисточен плански регион, Младен Протиќ, а подобрените услови за работа на пожарникарите ги презентираше командирот на ТППЕ Куманово, Деан Илиевски.

— реклама —

Илиевски информираше дека кумановската противпожарна станица доби две, а Пожарната во Ранковце едно специјализирано возило кои се прилагодливи за гаснење на пожари на непристапни подрачја.

„Се набавија и комплети за пожарникарите, чизми, одела, шлемови, грбни прскалки, млазници, црева и друга соодветна опрема за брза интервенција. Инвестирано е и во подобрување на условите во гаражата, а изработена е и мобилна апликација и веб страна за рана дојава на пожари која е во фаза на тестирање и наскоро би требало да стане функционална. Сето ова овозможи поефикасно и навремено да реагираме во случај на пожари што директно влијае на зголемување на безбедноста на граѓаните, нивните и јавните добра“, изјави командирот Илиевски, кој се заблагодари на поддршката на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија.

„Денеска сме сведоци на уште еден во низата реализирани проекти кој го реализиравме со поддршка на Владата на Швајцарија, која е партнер и поддршка на Министерството за локална самоуправа повеќе од две децении. Имплементацијата на проектот има повеќекратен бенефит. Специјалните возила оспособени да делуваат на тешко достапни подрачја и мобилната апликација за рана дојава на пожари, ќе овозможат побрзо и поефикасно справување со пожарите на отворено што придонесува за намалување на штетите на годишно ниво во Општините опфатени со проектот, како и во оддалечените подрачја. Сето ова придонесува за намалување на ризикот од ширењето на пожарите и на потенцијалните штети по шумските подрачја при што намален е ризикот за загадување на животната средина, а зголемена е сигурноста на граѓаните и нивните имоти“, истакна министерот Перински, кој информираше дека Министерството го поддржа проектот со 11 милиони денари, а останатите се средства обезбедени од Владата на Швајцарија.

Голема благодарност за проектот и помошта на Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, истакна и Претседателот на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

„Овој проект е од огромно значење за нас, со оглед на тоа дека сега пожарникарите ќе можат да делуваат побрзо и поефикасно и на непристапни предели. Би сакала да имаме помалку интервенции“, рече Ѓорѓиевска, која информираше дека Општината ги разгледува можностите во општинскиот буџет за наредната година да се испланираат средства за реновирање на објектот на противпожарната станица.

Овој проект беше еден од избраните како приоритетен за реализација избран од страна на граѓаните преку Форумите на заедници. „Се надевам дека ќе успееме да ја продолжиме соработката во интерес на сите граѓани“, истакна директорот на Центар за развој на Североисточен плански регион, Младен Протиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuanrjvt8tmdd0vQQ0uF

Перински: Старт на нов Интеррег проект „Зелено за добро“

Македонија | пред 2 седмици

media-library3buhfgikii9ae0FHmGC

Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките

Македонија | пред 1 месец

24072024_Perinski_1

Перински: Поддршка за локалниот потенцијал: Објавен повик за зголемување на регионалната конкурентност

Македонија | пред 1 месец

media-librarymrkjknuoonq34O6WKb0

Перински во „Јасен“: Инвестираме во превенција од шумски пожари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања