Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пет лица од 17 до 72 години фатени како возат без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryl83rfetao1pedcgre47
Илустрација / Скопје1

Пет лица, меѓу кои и малолетник, се лишени од слобода во акциски контроли спроведени од полицијата во Тетово и Гостивар поради управување возила без возачка дозвола.

— реклама —

Како што информира СВР Тетово, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, во координација со јавен обвинител, во текот на вчерашниот ден реализирале засилени контроли на патиштата.

— реклама —

Во населбата Циглана во Гостивар, во 10 часот биле запрени три мотоцикли управувани од Ш.З. (42) од село Долна Ѓоновица, 17-годишник од Велес и А.Е. (71) од Гостивар. Малолетникот бил лишен од слобода во присуство на инспектор за малолетници.

Подоцна, во 11:30 часот на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полицијата сопрела уште еден мотоцикл управуван од М.А. (72) од Гостивар.

— реклама —

Во Тетово, пак, во 15 часот на крстосницата меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „Браќа Миладинови“, полициски службеници запреле патничко возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Л. (20) од Тетово.

— реклама —

По консултација со јавен обвинител, сите пет лица биле приведени и задржани во полициска станица, а мотоциклите и возилото им биле одземени. По целосното документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 17 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 17 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања