Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пет лица приведени поради семејно насилство во повеќе градови низ државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Пет лица биле лишени од слобода, а полицијата постапувала по вкупно шест пријави за семејно насилство во различни градови низ државата во текот на изминатото деноноќие, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во Скопје, 39-годишна жена пријавила дека ден претходно на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот партнер. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Е. (59), откако неговата 50-годишна сопруга пријавила дека по кратка расправија во семејниот дом се обидел физички да ја нападне. При проверка било утврдено дека тој бил под дејство на алкохол, со измерени 2,03 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Во Прилеп бил приведен Љ.С. (58), по пријава од неговата сопруга дека подолг период ја навредувал и вербално ја малтретирал.

Во Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ѓ. (24), поради сомнение дека психички и физички ја малтретирал својата поранешна партнерка.

— реклама —

Во Велес бил приведен С.Ц. (50), откако бил пријавен дека во семејниот дом агресивно се однесувал и ѝ се заканувал на својата 54-годишна сопруга. За случајот бил известен и јавен обвинител.

— реклама —

Во Кавадарци, пак, полициски службеници го лишиле од слобода С.С. (31), кој според пријавата во дворот од семејниот дом физички ја нападнал својата 53-годишна мајка.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 12 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 12 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања