Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пет лица приведени за семејно насилство во едно деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници низ државата лишиле од слобода пет лица по пријави за семејно насилство, физички напади, закани и вознемирување, информираа од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во Струмица, на 24 јуни во 08:20 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.П.(48) од Струмица, постапувајќи по пријава од неговата 43-годишна поранешна партнерка. Според пријавеното, тој претходната вечер во дворот на нејзината семејна куќа физички ја нападнал по кратка расправија, а подолг период психички и физички ја малтретирал и ѝ упатувал закани.

Во кичевскиот регион, полициски службеници од полициското одделение во Зајас на 23 јуни во 16:30 часот го привеле Ф.Р.(45) од кичевско село, откако било пријавено дека во семејниот дом со дрвен предмет ја нападнал својата сестра.

— реклама —

Во Велес, на 24 јуни во 03:40 часот, бил приведен К.Ш.(18) од Велес, по пријава дека во својот дом ја држел неговата 18-годишна партнерка од виничко село, ѝ се заканувал и не ѝ дозволувал да го напушти домот. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес.

— реклама —

На 23 јуни во 18:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода П.А.(36) од Тетово, по пријава од неговиот 60-годишен татко дека во дворот на семејната куќа агресивно се однесувал, искршил дел од покуќнината и упатувал закани кон него и неговата сопруга.

Во Крива Паланка, пак, на 23 јуни во 19:40 часот бил приведен М.С.(19), откако неговата 18-годишна поранешна девојка пријавила дека во повеќе наврати ја следел, вознемирувал и ѝ упатувал закани.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 9 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 9 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања