Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пет пријави за семејно насилство во едно деноноќие, две лица уапсени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Во последното деноноќие во земјава се регистрирани пет одделни случаи на семејно насилство, пријавени во Скопје, Тетово и Гостивар, информираат од Министерството за внатрешни работи. Две лица се лишени од слобода и приведени во полициска станица.

— реклама —

Во првиот случај во Скопје, 75-годишна жена пријавила дека била физички нападната од својот син и неговата сопруга, при што бил оштетен и дел од покуќнината. Во вториот случај, 19-годишна девојка пријавила дека таа и нејзината мајка биле нападнати од нејзиниот татко во семејниот дом.

— реклама —
— реклама —

Во Тетово, 30-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен партнер ја следел и вознемирувал. Во Гостивар се регистрирани два случаи – во едниот сопруг ја нападнал сопругата и упатил закани кон неа и нејзиното семејство, додека во другиот случај маж бил приведен по пријава дека агресивно се однесувал кон својата мајка, а потоа и кон полициските службеници.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави против сторителите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 15 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 15 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања