„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Петровска до АНБ : Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-09-10-143507

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, побара Агенцијата за национална безбедност (АНБ) да изврши декласификација или делумна декласификација на документите поврзани со актуелниот случај, со цел јавноста да биде целосно информирана.

— реклама —

„Јас ќе го повторам барањето, дека овој надзор се прави од интерес на јавноста и на граѓаните и тие треба да ни бидат императив во нашето работење како пратеници, како претставници на народната власт. Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух, да изврши деласификација или делумна декласификација, се во интерес за да можеме во детали да ѝ соопштиме на јавноста,“ изјави Петровска.

Таа посочи дека очекува увид во сите документи што ќе бидат побарани од комисијата, без ограничувања. „Она што го очекувам од овој надзор е да не биде дозволен увид во сите документи кои ќе ги побараме, кои агенцијата се разбира смета дека треба да ни бидат достапни, но и оние кои ќе ги побараме на наша барање,“ рече таа.

— реклама —

Петровска истакна дека веќе подготвила околу триесетина прашања за надзорот, насочени кон расчистување на скандалот.

„Едно од тие прашања кои ќе ги поставам, а за жал ако состанокот ќе биде класифициран, нема да може да ви го дадам јас одговорот, е што се случило со полиграфистот кој се посочува, барем во брифинзите кои ги има дел од јавноста, како клучен, односно тој кој ги спровел полиграфските тестирања. Дали е тој сè уште на работа, дали заминал, дали заминал под притисок итн? Што се случило со шефот на внатрешната контрола, зошто тој бил сменет? Според мои информации, можеби не е вистина, но зошто тој бил сменет непосредно пред да започне оваа внатрешна истрага во агенцијата и така натаму?“ праша Петровска.

Таа нагласи дека сите овие прашања се во интерес на надзорот и откривањето на вистината околу, како што рече, „таканаречениот скандал“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

slavjanka

Петровска: АНБ веднаш може да ја декласифицира документацијата, законот е јасен

Македонија | пред 3 месеци

Slavjanka-P-1

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична против ексминистерката Славјанка Петровска

Македонија | пред 1 година

slavjanka-petrovska

Петровска: Освен коруптивен кредит од 500 милиони евра, ДПМНЕ не испорача ништо во првите 100 дена

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

Петровска: ДПМНЕ побрзо да се опаметат, држава водат, а не гранапче

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања