Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Петровска до Богојески: Жените не се Ваш имот, а бракот не е дозвола за дресура, засрамете се!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Коментари
media-librarykg29i6ie59imcTo5kN9

Пратеничката Славјанка Петровска упати остра реакција до Петар Богојески по неговите изјави за жените и наводната потреба од „машки надзор“.

Во објава на социјалните мрежи, Петровска порача дека жените не се ничија сопственост и дека бракот не може да биде оправдување за контрола, ограничување на слободата и наметнување правила во животот на партнерката.

— реклама —

„Богојески, жените не се Ваш имот, а бракот не е дозвола за дресура. Засрамете се!

Вашиот „машки надзор“ во нечие секојдневие значи проверување телефон, забрана да се види со пријателките и страв да каже што мисли. За тие жени ова е животот од кој се обидуваат да излезат.

— реклама —

Во Македонија, каде организациите за заштита на жените предупредуваат на пораст на семејното и родово базираното насилство, Вие јавно ја прогласувате контролата за машка обврска.

А нејзиното достоинство? Нејзиниот мир? Нејзиното право сама да одлучува?

Како жена, нема да премолчам некој да ни одредува колку слобода ни следува. Ниту љубомората, ниту неверството, ниту повредената суета оправдуваат закана, понижување или удар.

— реклама —

Должите јавно извинување и повлекување на кажаното.

Овде, во Македонија, жени се убиени од сопрузи и партнери. Други се плашат да се вратат дома. Во таква реалност, Вашите зборови можат да му послужат на некој насилник како оправдување дека само си ја вршел „обврската“.

— реклама —

Затоа ова нема да помине како уште една телевизиска провокација. Жените не мора да бидат послушни за да останат живи.“, порача Петровска.

media-library6trkdmqlct43bStvufd
media-librarybisskeaeq51pfErKOXE

„Се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда“, вели Митева за изјавите на Богојески

Владината портпаролка и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, остро ги осуди изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“, оценувајќи ги како понижувачки и опасни.Митева порача дека ваквите ставови претставуваат напад врз достоинството на жените, особено поради, како што посочи, релативизирањето на насилството во партнерските односи.„Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите и

Македонија | пред 10 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library53ssrjff1k8gafoxdsm

Петровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директорите

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhf2f1i0auu01fptPlko

Петровска: „Со денови добивам закани да замолчам за реформите и ветингот во СДСМ“

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

Петровска: Центрите за податоци не се проблем, проблем се тајните преговори на Владата

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhf2f1i0auu01fptPlko

Петровска: Трипуновски потона во скандали и корупција, а земјоделците останаа без субвенции и без пари

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања