Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Петровска ја поддржа иницијативата на Зајкова: „Жените што живеат во страв немаат време за институционални одложувања“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 44 минути -

Македонија
media-libraryfc3ahc9cn4t00dSNVU1

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, ја поддржа иницијативата на колешката Моника Зајкова за заштита на жртвите на родово базирано насилство, повикувајќи ги граѓаните да ја потпишат петицијата.

Во објава на социјалните мрежи, Петровска посочи дека ја дала својата поддршка затоа што, како што нагласува, жените кои живеат во страв немаат време за институционални одложувања.

— реклама —

„Додека парламентарното мнозинство одржува надзорни расправи, некоја жена повторно се враќа во домот во кој е загрозена. Нејзе не ѝ значи дека расправата завршила. Ѝ значи дали некој ќе ја заштити вечерва.

— реклама —

Не сме родени за да бидеме тепани, навредувани, понижувани и убивани. Никој нема право да ни го одземе животот затоа што сме кажале „не“ или сме решиле да си заминеме.

Моника предлага конкретен чекор. Застанувам зад нејзината иницијатива и ги повикувам граѓаните да ја поддржат со свој потпис.

— реклама —

Борбата не завршува со петиција, протест или собраниски записник. Институциите мора да спречат насилство и да спасат живот пред да биде предоцна“, напиша Петровска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykg29i6ie59imcTo5kN9

Петровска до Богојески: Жените не се Ваш имот, а бракот не е дозвола за дресура, засрамете се!

Коментари | пред 5 дена

— реклама —
media-library53ssrjff1k8gafoxdsm

Петровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директорите

Македонија | пред 6 дена

media-libraryhf2f1i0auu01fptPlko

Петровска: „Со денови добивам закани да замолчам за реформите и ветингот во СДСМ“

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

Петровска: Центрите за податоци не се проблем, проблем се тајните преговори на Владата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања