„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Петровска: Нема да прифатам никаква функција во СДСМ, но и никој нема да ме замолчи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4845

Во интервју за Телевизија 24 пратеничката Славјанка Петровска кажа дека секогаш гласно ќе зборува за проблемите во СДСМ, но и дека нема да орифати никаква функција во раководството на партија.

— реклама —

„Нема да прифатам никаква функција. Нема да бидам причина за неуспесите на СДСМ, ама преку какви било обвинувања некој се обиде да ме замолчи и за сметка на тоа да продолжат некои внатрешни игри, што му штетат на СДСМ и кои следната година ќе направат полош резултат, тогаш нема да има цена што ќе може мене да ме замолчи, па дури и да е критика, па дури и да биде побарана оставка од мене како пратеник. Јас немам проблем да сносам одговорност, но ако јас треба да бидам замолчена само затоа што јавно зборувам за прашања што мислам дека не треба да се случуваат во СДСМ, тогаш се потврдува мојата теза за заробена партија“ рече Петровска.

Петровска ги објасни причините и мотивите за нејзиното повелкување од изборите за претседател на СДСМ.

— реклама —

„Во последната недела од кампањата, се случуваа работи и стигнуваа информации од членовите низ државата, дека целиот тој процес за кој сите се залагавме да биде фер и демократски, ќе појави одредени аномалии што ќе фрлат дамка на изборите. Дополнително, и малиот број на активно регистрирани членови за гласање, укажуваше на тоа дека СДСМ се наоѓа во дополнително комплицирана и тешка ситуација. Тоа плус оние информации што ги наведов при повлекувањето, а особено оние неправилности за кои не сакам јавно да зборувам, ги наведов лично пред членовите на Централната изборна комисија. Кога влегувате во еден процес, а факт е дека СДСМ го има единствениот ваков процес на избор на претседател и кога ова е трет пат вака да бирате претседател, тогаш сето она што се јавувало како пропуст, требало да биде надминато. Повторувањето на тие пропусти, покажа дека за жал ние не сме научиле од пропустите“ рече Петровска.

Таа додаде дека сакала и понатаму да биде дел од процесот кој има сенка и затоа ја донела одлуката чесно да го каже својот став.

Петровска посочи и дека на списокот на активно регистрирани гласачи имало и членови на други политички партии.

„На списоците имаше членови на други полиитчки партии како ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, односно кои на последните избори во 2024 година работеа за тие партии“ посочи Петровска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-09-10-143507

Петровска до АНБ : Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

Македонија | пред 3 месеци

slavjanka

Петровска: АНБ веднаш може да ја декласифицира документацијата, законот е јасен

Македонија | пред 3 месеци

Slavjanka-P-1

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична против ексминистерката Славјанка Петровска

Македонија | пред 1 година

slavjanka-petrovska

Петровска: Освен коруптивен кредит од 500 милиони евра, ДПМНЕ не испорача ништо во првите 100 дена

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања