Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Петрушевски и Манасијевски нека одат во Гостивар и нека им објаснат на граѓаните дека, според нив, водата е чиста“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library3oq8urer67kg3Il1Yff

СДСМ преку соопштение ги повика пратеникот Бране Петрушевски и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски Манасиевски, лично да ги посетат граѓаните во Гостивар и да им кажат дека водата е безбедна за пиење, наместо, како што велат од партијата, да ги обвинуваат за ширење паника.

— реклама —

Од СДСМ реагираат на нивните изјави дека партијата и нејзиниот лидер Венко Филипче пласираат невистини за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, оценувајќи дека станува збор за политичка пропаганда и обид за избегнување одговорност.

— реклама —

Во соопштението се упатуваат критики и кон новинарот Драган Павловиќ Латас, за кого СДСМ тврди дека има влијание врз јавните настапи на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Партијата порача дека доколку власта е уверена оти водата е исправна, нејзините претставници треба тоа да им го соопштат директно на жителите на Гостивар. Воедно, ги повика да ги посетат и локациите покрај реките Лепенец и Вардар и да ги уверат граѓаните дека нема загадување.

— реклама —

Од СДСМ оценуваат дека обвинувањата за „лажни вести“ и „дезинформации“ се обид да се избегне одговорноста за актуелната состојба, додавајќи дека граѓаните ја изгубиле довербата во институциите и во информациите што доаѓаат од власта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања