Петрушевски: Љупчо Дон Николовски овозможил незаконска исплата од 485.000 евра на мајката на газдата на НИКОБ, близок до Заев и Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6201

,,Љупчо Дон Николовски, наместо како министер во влада, додека бил на позиција се однесувал како мафијашки дон. За Дон Николовски не важеле законите, туку партиската припадност.

— реклама —

Љупчо Дон Николовски ја злоупотребил својата позиција континуирано во период од неколку години и на фирма блиска до СДС исплаќал милионски субвенции без основ.

Имено Љупчо Дон Николовски склучил низа договори со фирмата Арекспорт од Струмица за давање под закуп на државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари.

— реклама —

Да, 1.416 хектари за фирма од Струмица, зад истата таа фирма стои Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, газда на НИКОБ, главен тендераџија на СДС, од ЕВН, преку град Скопје и до Влада до приватни лаборатории во време на Ковид пандемијата кои ги отвори во време на Венко Филипче.

Семејството Лазарови се најблиски пријатели со Зоран Заев и Венко Филипче. Главни стожери на СДС. Тоа било доволна причина за Љупчо Дон Николовски да испумпува милиони на сметката на Арекспорт без никаков основ, но да почнеме со ред.

Фирмата Арекспорт склучила долгогодишен договор за закуп со МЗШВ под превезот дека земјиштето ќе го насади со лозов насад.

Наместо лозов насад стотици хектари се користеле за сеење на едногодишни култури, спротивно на договорот за закуп, а уште толку се давале на други лица да ги работат, односно не биле обработувани од фирмата закупец.

Неискористувањето на земјиштето за намената за која што е склучен договорот е основ за раскинување, но до тоа не дошло затоа што наместо по закон Дон Николовски работел по партискиот кодекс.

Фирмата на семејството газди на НИКОБ заради тоа што Дон Николовски не им го раскинал договорот, иако за тоа бил должен да го направи, инкасирале 485.000 евра за субвенции, кои немале право да ги земаат.

485.000 евра воопшто не требало да бидат исплатени затоа што фирмата на семејството газди на НИКОБ не само што не го испочитувале договорот во делот на насадот кој се обврзале да го засадат, туку и не платиле закупнина за земјиштето 2 години по ред.

Арескпорт не платиле закупнина во висина од 30.000 евра, за 2022 и 2023 година. Љупчо Дон Николовски, и покрај тоа што неплаќањето на закупнина е основ за раскинување на договорот, тоа не го направил и со тоа овозможил нелегална исплата на субвенции.

Презентиравме два основа според кои Љупчо Дон Николовски имал право и обврска да го раскине договорот, и тоа не го направил. Зошто Дон Николовски не го раскинал договорот и дали и каков интерес имал?

Дон Николовски е фатен инфлагранти во криминал. Дон Николовски треба да одговара.

Утре ќе презентираме нови докази, за тоа дека Дон Николовски можел да го раскине договорот со фирмата на семејството газди на НИКОБ и тоа не го сторил, а овозможил исплата на субвенции и го оштетил буџетот.”, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym5cteoja6at36ZHBVqe

Христова: Со регионалните центри за услуги граѓаните ќе добијат брзи и ефикасни административни услуги

Македонија | пред 10 часа

Tomovski-17.06.2022

Томовски: Во план е заедно со Град Скопје да ја модернизараме жичницата до Водно

Македонија | пред 10 часа

media-librarylbse3glb0lk30ng2gdN

Томовски: Службата за општи и заеднички работи континуирано работи во интерес на граѓаните и државата

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Сојузот СДС, Левица и ССМ и нивните намери се разоткриени, само глумат грижат за работниците и затоа вечерва на протест собраа едвај илјада лица

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања