Промени тема
Контакт

Петрушевски: Љупчо Дон Николовски потрошил 976.199 денари на кафеани и ресторани како министер за земјоделие, раскалашеноста е заштитен знак на СДС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6201

,,Денес и во наредните неколку дена ќе обелодениме како Љупчо Дон Николовски покрај тоа што исплаќал милионски субвенции на фирми блиски до СДС без основ, и раскалашено трошел народни пари на лични задоволства и нему блиски луѓе.

Љупчо Дон Николовски за три ипол години колку што бил министер за земјоделство потрошил 976.199 денари во кафеани и ресторани.

— реклама —

Раскалашеноста е заштитен знак на СДС.

— реклама —

976.199 денари кога ќе го поделиме на 42 месеци, доаѓаме до сума од 23.400 денари, пари кои Дон Николовски ги трошел на кафеани. Ова го презентираме вака за и самиот Дон Николовски да сфати дека месечно во кафеани трошел по една плата, со која во државава живеат цели семејства.

Првата година од своето министерување Дон Николовски потрошил 294.780 денари народни пари на кафеани и ресторани, а последната предизборната 2023 година цели 377.700 денари.

— реклама —

На масата на Дон Николовски често се наоѓале јадења како телешки мускул, чаден лосос, ракчиња и разни морски плодови, а се пиеле и скапи вина како Алшар од по 3500 денари шише.

— реклама —

Дон Николовски се однесувал како Бисера Антоанета и без пардон трошел народни пари на кафанско седенки, додека од друга страна лицемерно зборувале дека работат за народот.

Ова е таа раскалашеност и лицемерие на СДС. Утре и во наредните неколку дена целосно ќе го разоткриеме Дон Николовски и неговиот раскошен начин на живеење и патување.”, вели Бране Петрушевски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 46 минути

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања