Промени тема
Контакт

Петрушевски: Непристрасен јавен обвинител, законски измени и финансиска поддршка се клучни за враќање на довербата во правосудството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryokn3q51dd09pbUFSM9o

Во денешната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека Јавното обвинителство не ја исполнило својата функција изминатиот период и дека довербата на граѓаните е на ниско ниво, воедно посочувајќи дека оставката на обвинителот Коцевски поднесена непосредно пред закажаната седница претставува избегнување јавна дебата и соочување со аргументите.

— реклама —

„Јавното обвинителство е заробено од неколкумина јавни обвинители кои се на висока позиција на чело со овој што си даде оставка и не сите се од тој калибар, меѓутоа оние кои што го држат стегнато јавното обвинителство се оние кои придонесуваат за таа ниска доверба и ги прават оние чувања во фиоки, на предмети за високи функционери на СДС и ДУИ. Свесен дека аргументите се на наша страна, свесен дека на јавна сцена ќе биде обелоденето се она коешто за жал не го работел, јавниот обвинител пред самата седница си поднесе оставка иако за тоа имаше можност месеци наназад да го направи, самиот чин што го направи пред седницата покажува дека сме биле во право и дека избега од една јавна дебата на која што ќе ги соочивме сите аргументи“, вели Петрушевски.

— реклама —

Петрушевски изрази очекување дека следниот јавен обвинител ќе биде компетентна и непристрасна личност, способна да се справи со предизвиците и да ја испорача правдата.

„Верувам дека следниот јавен обвинител на Република Македонија ќе биде пред се компетентна личност која ќе биде способна да се справи со сите предизвици кои што ја носат таа функција и да ја испорача онаа правда која не само ние како ВМРО-ДПМНЕ туку и граѓаните во Република Македонија ја бараат“, рече Петрушевски.

— реклама —

Во однос на идните чекори тој посочи дека со измените на Кривичниот законик како и со обезбедување на финансиски средства за судската и обвинителската власт, Јавното обвинителство ќе функционира ефикасно и сите кои се огрешиле пред законот ќе бидат санкционирани.

— реклама —

„Со добра организација, со реформи и на делот на законодавството, во делот на она што го направивме овој период, а тоа е подготвивме  измени на Кривичниот законик каде што воведуваме поригорозни казни, она коешто го најави премиерот, а тоа е дека ќе им се дозволат поголеми финансиски средства и на судската власт и на обвинителската служба, мислам дека сите овие аспекти ако се земат во едно, ако дојде еден способен квалитетен јавен обвинител којшто ќе ја менаџира работата непристрасно, преку словото на правото, мислам дека се ова може да се постигне во наредниот период и сите оние коишто се огрешиле пред законот да си ја добијат заслужената казна. Со сите законски измени кои ги правиме, со финансиите кои ги обезбедуваме и со кадровската реструктурираност која треба да се случи во ЈО мислам дека сработувањето на овие предмети не е недостижно“, рече Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 4 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 4 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања