Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Петрушевски: СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarya8tbjjkn7geo2sQip2v

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„СДС којашто некогаш беше релевантна и кредибилна, Филипче ја доведе во комбинација со Заев, да тоне се повеќе и повеќе во жива кал и да нема како да излезе од неа.

СДС којашто треба да биде главна опозиција и коректив на власта, се занимава со се, само со себе не. Се занимаваат со избори во други држави, а не си ги гледаат своите редови кои им се рушат се повеќе како кула од карти.

— реклама —

СДС ликува на победа на партија која е член на Европската народна партија или попозната како ЕПП, партијата Тиса, каде што е член и ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна пак, сестринската партија на СДС и член на Партијата на Европски Социјалисти од Унгарија освои 1,18% од гласовите. Тоа е нешто слично со рејтингот кој СДС го има во Македонија, и е многу близок до рејтингот на Филипче.

— реклама —

СДС и Филипче прават се, само не си го гледаат сопствениот двор. Наместо да се дистанцираат од политиките на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои ги доведоа до ова дереџе, тие продолжуваат по неговите стапки и го величаат како да е најголем светец.

Ако СДС продолжи да се однесува вака, им се заканува бришење од политичката сцена.

— реклама —

Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ја честита победата на партијата Тиса и господинот Петер Маѓар, со кои очекуваме да ја продолжиме нашата билатерална соработкаи на државно ниво да работиме на нашата интеграција во ЕУ“, вели Петрушевски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3g6bfke86mnlbQMofIq

Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryei4gn0dijrj721M36ED

(Видео) Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryu6ulb9uva4h010xVPmW

(Видео) „Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума“, вели Петрушевски

Македонија | пред 1 седмица

media-library5n8jijhfe2hl5DsJg21

(Видео) „Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка“, вели Петрушевски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања