Промени тема
Контакт

Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryatoqg8ni7ld59x9DQEw

СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ниту едно пратеничко прашање од страна на СДС кон членовите на Владата за Артан Груби. А толку беа гласни изминативе три дена со измислување на 10-тина тези, за кои народот секако не им поверува.

Но вистината, почитувани, полека но сигурно излегува на површина.

— реклама —

Стравот од можните искази на Артан Груби за криминалите на поранешната власт на СДС и ДУИ очигледно го притисна паник тастерот во Бихаќка.

— реклама —

Дури и потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, отиде чекор понатаму, посочувајќи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада.

Толку многу ли знае Груби што некои поранешни функционери би биле подготвени да се жртвуваат? Дали паник тастерот во СДС го притисна кланот Заеви? Дали стравот кај Вице и Зоран Заев навистина толку е голем, па затоа СДС со Филипче на чело застана во одбрана? Затоа ли Спасовски, Филипче и Зечевиќ делуваат видно вознемирени?

— реклама —

За криминалот, на крајот, има само еден одговор, а тоа е правдата“, вели Петрушевски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykj7rhft3jabp22DIV3I

Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи затоа што веруваме дека ги има уште во неговите редови

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryl0309m0hbvukerWzKfp

Петрушевски: Сакаме компромис за ЕУ кој ќе ни донесе предвидлив пат

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl0309m0hbvukerWzKfp

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryb34ptsam9jrk6pMoGXg

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања