Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пицула за резолуцијата на ЕП: Европа не ја изневери Србија, владата на Србија ги изневери своите граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
den-na-evropa

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, рече дека резолуцијата за Србија не е напад врз неа, дека Европа не ја изневерила Србија, туку дека Владата во Србија ги изневерила своите граѓани.

Пицула од говорницата на ЕП посочи дека најдобриот начин да се оддаде почит на жртвите од падот на бетонската настрешница во Нови Сад пред речиси една година е да се открие коренот на проблемот, што доведе до трагедијата.

— реклама —

„Трагедијата во Нови Сад покажува дека корупцијата не е обично злосторство, корупцијата ги уништува институциите и одзема животи. Оваа несреќа ги одразува некои од клучните структурни проблеми во Србија, а тоа се нетранспарентното вклучување на странски актери во проектот, отсуството на контроли што би дозволиле користење на објектот бидејќи не се почитувале безбедносните стандарди, попречувањето на истрагата и независноста на судството по трагедијата и репресијата врз граѓаните кои сакаат одговорност и промени“, изјави Пицула.

— реклама —

Известувачот на ЕП истакна дека владата во Србија повторува дека сака да се приклучи на Европската унија, но дека секој ден се повеќе отстапува од своите вредности.

„Напредокот се мери со конкретни реформи, а не со празни ветувања. Независните институции, слободните медиуми и граѓаните треба да бидат партнери на владата, а не мета на разни теории на заговор. Оваа дискусија и резолуција не се напад врз Србија, Европа не ја разочара Србија, владата во Србија ги разочарува граѓаните“, рече Пицула.

— реклама —

Тонино Пицула, изјави за N1 дека пукањето и пожарот во „Ќачиленд“ пред српскиот парламент се резултат на атмосферата што ја создала власта на Александар Вучиќ, нарекувајќи го местото „слика на Србија на Вучиќ“.

— реклама —

45

„Ми се чини дека тој простор е населен со приврзаници на Вучиќ и дека тоа е огледало на денешна Србија. Насилството беше неизбежно, бидејќи тие луѓе се таму за да интервенираат против сите кои му се спротивставуваат на режимот. Таков простор треба да им се врати на сите граѓани,“ рече Пицула.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2gfqf9m4o7c7aGY3kLb

По изборниот успех, Студентската листа на средби со американски и руски дипломати

Балкан | пред 18 часа

— реклама —
media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 1 ден

media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 2 дена

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања