Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Пиротехниката на Дрин Ахмети ја вештачи МВР, за држење петарди и огномети се поднесувани обвиненија

објавено пред 2 години -

Македонија

Министерството за внатрешни работи ги вештачи пиротехничките средства најдени кај бизнисменот Дрин Ахмети, кој е внук на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“, дознава „Скопје1“. Тие се предадени таму по наредба на обвинител од скопското Обвинителство. Вештиот наод ќе биде пресуден за тоа дали ќе има кривична одговорност за Ахмети. „Скопје1“ побара одговор од МВР што е побарано од нив да утврдат со вештачењето, како и, дали ќе бидат брзи при изработката. Оттаму, топката ја префрлија кај Обвинителството.

„МВР и за овој случај, како и за другите случаи за кои добива наредби од ОЈО, постапува и доставува соодветен службен материјал до ОЈО. Бидејќи случајот за кој прашувате е во надлежност на ОЈО, одговори за овој случај може да побарате од обвинителството“, велат од МВР.

— реклама —

„Скопје1“ ги проверуваше пресудите донесени од Кривичниот суд, а кои се однесуваат на лица кои поседувале пиротехнички средства. Од нив може да се утврди дека држењето на пиротехнички средства претставува кривично дело, односно дека Обвинителството поднесувало обвиненија. Граѓани кои биле затекнати со петарди и огномети, одговарале по членот 396 став 4 во кој стои: „Ако предмет на делото од ставот на овој член е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.

Таква е и пресудата против извесен Мукеран Мемети, кој добил условна осуда. Кај него биле најдени околу 700 парчиња на пиротехника. Поседувам огномети и разни видови петарди. Скопското обвинителство поднело обвинение, а Кривичен суд изрекол пресуда дека лицето е виновно.

— реклама —

— реклама —

Вчера, Дрин Ахмети за „Скопје1“ изјави дека пиротехниката најдена во неговиот автомобил била легално купена, а не била наменета за никаква препродажба. Тој смета дека не сторил кривично дело, па затоа ќе бие правна битка.

— реклама —
drin-ahmeti-uapsen

(Видео) Дрин Ахмети за „Скопје1“: Пиротехниката е легално купена, подароците беа за моите внуци

Бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, за „Скопје1“ вели дека пиротехниката најдена во неговиот автомобил била легално купена, а не била наменета за никаква препродажба. Тој не смета дека сторил кривично дело, па затоа ќе бие правна битка.„Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци“, вели Дрин Ах

Македонија | пред 2 години

Спред МВР, тој при претресот поседувал вкупно 749 пиротехнички средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања