Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Платформата на Мицкоски е против СДСМ“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ преку соопштение обвини дека средбата одржана зад затворени врати во хотелот „Лимак“, на која присуствувале поранешни функционери на партијата, претставници на ЗНАМ и членови на други политички субјекти, претставува обид за слабеење на партијата.

— реклама —

Од СДСМ тврдат дека таканаречената „платформа“ не е реформска иницијатива, туку, како што наведуваат, координирана операција за создавање „лажна опозиција“ која има за цел да ја одржува партијата во состојба на постојана внатрешна криза.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека дел од учесниците на средбата биле вклучени во креирањето на изборната програма и кампањата за парламентарните избори во 2024 година, по кои СДСМ го доживеа најтешкиот изборен пораз. Од партијата оценуваат дека истите лица денес се обидуваат да ја напаѓаат партијата однадвор, наместо да придонесат за нејзиното зајакнување.

СДСМ посочува дека фактот што средбата се одржала без присуство на јавноста и, како што наведуваат, без критики кон политиките на Владата, туку со фокус кон внатрешните состојби во партијата, според нив говори за вистинската цел на иницијативата.

— реклама —

Во соопштението се додава дека партијата нема да дозволи, како што наведуваат, нејзината иднина да ја определуваат затворени состаноци и поранешни функционери кои ја напуштиле во најтешкиот период.

— реклама —

Од СДСМ оценуваат дека нивната консолидација продолжува преку членството и актуелното раководство, а иницијативата ја нарекуваат проект насочен кон слабеење на опозицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања