Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Платите во администрацијата ќе растат од март до 2028 година, договорени 8 проценти годишно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
pari

Од март па сè до 2028 година, месечните примања на околу 11 илјади вработени во јавната администрација ќе се зголемуваат за по осум проценти на годишно ниво, дополнително усогласени со законските корекции што произлегуваат од движењето на минималната плата. По долг период на преговори меѓу синдикатите и Владата, постигнат е договор за континуиран раст на платите во јавниот сектор.

— реклама —

Синдикатот УПОЗ првично бараше зголемување од 10 проценти, но на крајот прифати осумпроцентен раст, според моделот понуден од Владата. Договорот е резултат на повеќемесечен социјален дијалог, синдикални протести и притисоци, со цел постепено намалување на јазот меѓу платите во администрацијата и реалните трошоци за живот. Првото зголемување ќе биде пресметано со мартовската плата.

Од УПОЗ најавија дека во наредниот период ќе подготват предлог-текст на колективен договор, кој ќе биде доставен до Министерството за јавна администрација. Потоа, во координација со Министерството за финансии, ќе се изработи единствен колективен договор што ќе им биде понуден на институциите во јавниот сектор, со цел унифицирање на условите и јасна динамика на исплата.

— реклама —

Иако договорот е оценет како чекор напред, дел од вработените во администрацијата укажуваат дека реалните ефекти ќе бидат ограничени. Причина за тоа, според нив, е инфлацијата, но и фактот што дел од растот ќе произлезе од општото зголемување на минималната плата, кое важи за сите вработени, а не само за администрацијата.

Првичните реакции се фокусираат и на конкретните примери од праксата, особено кај административниот персонал во болниците и судовите, каде платите изнесуваат околу 28 илјади денари со вклучен надомест за храна и превоз. Кај овие категории, првичниот нето-ефект од зголемувањето се проценува на околу 1.400 денари, што, според дел од вработените, не е доволно за значително подобрување на животниот стандард.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library42aeoov8l6n79rPDwsK

Трендафилов: Не си ги намалуваат платите за 12.000 до 13.000 денари, лажат

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysipimrtq1ei5f99Qylw

Обвинителите реагираат оти пратениците им ги чепкаат платите: Ова е спротивно на Устав и спротивно на закон

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryepes0qlc9721dvZO8KL

ССМ утре со 21 синдикалец ќе ја блокира Владата: „Минимална плата од 600 евра или генерален штрајк“

Македонија | пред 3 седмици

media-library42aeoov8l6n79rPDwsK

Блокада на центарот на Скопје кај Рекорд од 09 часот, дел од работниците им се лути на пратениците

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања