Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Пленковиќ: Хрватска ќе помогне во надминувањето на пречките меѓу Скопје и Софија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryseu4inahl1k4eIxEAfD

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ оцени дека Македонија бележи напредок во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија, но нагласи дека спорот со Бугарија и натаму останува главна пречка во евроинтегративниот процес.

На заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски, Пленковиќ изјави дека по изборите во Бугарија се очекуваат првите конкретни чекори и контакти на релација Скопје–Софија.

— реклама —

Тој посочи дека Хрватска внимателно го следи дијалогот меѓу двете земји и ќе продолжи да помага во надминувањето на пречките што постојат во процесот.

— реклама —

Пленковиќ се осврна и на иницијативата поврзана со нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за идното проширување на Унијата, оценувајќи дека размислувањата во Берлин пред сè се насочени кон европската перспектива на Украина.

Според него, не смее да има селективен пристап во процесот на проширувањето.

— реклама —

„Не може да има кратенки за едни, а бавност за други“, порача Пленковиќ, нагласувајќи дека сите земји кандидати треба да бидат третирани според истите принципи.

— реклама —

Тој додаде дека идните модели на европска интеграција и институционално приближување ќе бидат тема на претстојните самити во Црна Гора и во Брисел.

Пленковиќ истакна дека Хрватска останува на ставот дека процесот на проширување мора да се базира на индивидуални заслуги, но и на рамноправен третман на сите држави кандидати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

plenkovich

Пленковиќ најави поевтинување на горивата

Свет | пред 2 месеци

— реклама —
media-library26j96d86m3ts7wv3jPO

Пленковиќ: Хрватска може да ги снабдува Унгарија и Словачка со нафта

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Пленковиќ ми рече дека воениот сојуз не е насочен против Србија

Свет | пред 4 месеци

media-librarylakm6bsfta4k38YPFGj

Пленковиќ за приклучувањето на Украина во ЕУ: Мораме да бидеме реалистични

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања