Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ: Пленковиќ ми рече дека воениот сојуз не е насочен против Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Њу Делхи, каде што учествува на четвртиот глобален самит за вештачка интелигенција, изјави дека имал низа важни средби со европски лидери и дека Србија мора да продолжи со напорите за економски раст и стабилност.

— реклама —

Тој откри дека разговарал 45 минути со францускиот претседател Емануел Макрон за клучните прашања во Европа, европскиот пат на Србија и актуелната геополитичка состојба. Дополнително, како што наведе, имал долг разговор и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, при што станало збор и за воениот сојуз меѓу Загреб, Тирана и Приштина. Според Вучиќ, Пленковиќ нагласил дека тој сојуз не е насочен против Србија.

Најдолг разговор, како што посочи, имал со словачкиот претседател Петер Пелегрини.

— реклама —

Осврнувајќи се на економската состојба, Вучиќ изјави дека инфлацијата во јануари изнесувала 2,4 проценти и дека е под контрола, односно на ниво што го бара Европа. Додаде дека стапката на раст ќе зависи од ангажманот и работата во наредниот период, порачувајќи дека „ќе мора да се трудат и да се борат“.

— реклама —

Говорејќи за инцидентите за време на протестите во Нови Сад, тој ги обвини демонстрантите дека се обиделе да го нарушат секој српски празник и дека нападнале и на Матица српска. Според него, полицијата интервенирала против лица кои рушеле ограда и се однесувале криминално.

Вучиќ изјави и дека сè уште нема донесено одлука дали ќе помилува човек кој удрил учесник во блокада, додавајќи дека институциите треба да одговорат кој бил санкциониран за претходните насилни инциденти.

На крајот, тој нагласи дека претстојниот ден е важен за претставувањето на Србија, посочувајќи дека индискиот Си-Ен-Ен емитувал 15-минутно интервју со него во ударен термин, што го оцени како значаен успех за земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28rpao4rhrcg209zpss

Вучиќ порача дека останува посветен на борбата за Србија

Балкан | пред 9 часа

— реклама —
media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ предупредува: „Ќе воведат санкции кон Русија, а ќе го поништат и она што го направивме во ОН“

Свет | пред 3 дена

media-librarytdecq8cradmhb1hWE4m

(Видео) „Битка за смоки“ на митингот на Вучиќ во Ниш

Настани | пред 1 седмица

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања