„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

По 33 години брак, решија да се разведат - љубовната приказна на Бајага започна во автобус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
2176607_sonja-spasic2_ls

Бајага и Емилија беа во брак 33 години, а претходно заедно живееја седум години. Сепак, се појавија информации дека музичарот се развел од сопругата, а последен пат заедно се видени во јавноста во 2019 година.

— реклама —

Интересен е начинот на кој се запознале - во автобус.

„Ема живееше во Земун, а се сретнавме во автобус. Во автобус првпат ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа рече дека не излегува во недела. Мене ми изгледаше како да ме одби, зашто кој не излегува во недела? Претпоставувам дека Ема излегуваше во сабота, од каде да знам. Не поставив никакви дополнителни прашања. Тек после неколку месеци искочивме“, изјави еднаш музичарот во интервју за „Новости“.

— реклама —

Тие се венчаа во 1989 година, следната година го добија синот Марко, а осум години подоцна и ќерката Ангела.

Сите љубовни песни и ги посвети на Емилија.

"За јавните личности се пишуваат секакви работи. Ема навистина добро се справи со тоа, особено во оние први години од нашата врска, кои беа најлуди. Не можевме да одиме на одмор некаде каде што одат сите. Еднаш отидовме на оддалечена плажа во Мљет за да бидеме сами. Сепак, од никаде се појавија пет луѓе и само седеа и не гледаа“, изјави рокерот.

Ниту на децата не им било лесно да растат со познат татко. Бајага тврди дека да се има познат родител е привилегија, особено кога се организираат големи концерти.

"Тогаш сум понервозен, а тоа ги погодува и нив. Многу нивни другари од училиште бараат карти за концертот, а потоа ме задеваат дома, а во тие денови не ми е гајле за ништо", вели Бајага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

2176607_sonja-spasic2_ls

Момчило Бајагиќ на јубилејот на групата „Бајага и инструктори“: „Ќе објавам збирка мои песни“

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања