(Видео) Десетици генерации во еден глас со Бајага и инструктори: четири децении хитови и публика од 7 до 77 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-library2u2c21i4fs802vlzHTp

Неповторливо уживање приредија „Бајага и Инструктори“ синоќа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што се собраа генерации од 7 до 77 години, обединети од музиката што трае повеќе од четири децении.

— реклама —

Од првите акорди до последниот бис, салата беше во еден глас. Публиката ги пееше безвременските хитови, а атмосферата беше исполнета со енергија, емоции и носталгија. Секоја песна беше проследена со аплауз и силна поддршка од присутните, кои покажаа дека музиката на Бајага одамна ги надминала временските и генерациските граници.

— реклама —

Жика Миленковиќ, гитаристот во бендот, изрази задоволство што на концертите секогаш има и млади луѓе. „Бендот ‘Бајага и Инструктори’ веќе 41 година настапува пред весела публика. Годините поминуваат, но ние траеме“, рече Миленковиќ, добивајќи громогласен аплауз од салата.

— реклама —

Концертот уште еднаш потврди дека песните на „Бајага и Инструктори“ се дел од колективната меморија на публиката на Балканот. Вечерта во „Борис Трајковски“ беше повеќе од музички настан – беше средба на различни генерации што споделија иста емоција и иста љубов кон музиката која не старее.

Концертот на Бајага, заедно со концертот на Владо Јаневски го организираа „Авалон продукција“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

2176607_sonja-spasic2_ls

Момчило Бајагиќ на јубилејот на групата „Бајага и инструктори“: „Ќе објавам збирка мои песни“

Магазин | пред 1 година

2176607_sonja-spasic2_ls

По 33 години брак, решија да се разведат - љубовната приказна на Бајага започна во автобус

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања