Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

По 34 години глечерот ги откри посмртните останки на двајца исчезнати планинари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
alpi-2
Илустрација

Посмртните останки на двајца белгиски планинари, кои исчезнале пред 34 години, биле пронајдени на глечерот Трифт во швајцарските Алпи. Телата ги открил планинар на 26 јули, во јужниот дел на Швајцарија, во близина на границата со Италија.

— реклама —

Остатоците биле пренесени во Институтот за судска медицина во Сион, каде што била извршена идентификација. Со споредба на ДНК-профилите било потврдено дека станува збор за двајцата планинари кои исчезнале во областа на Вајсмиес во 1992 година.

Двајцата мажи на 4 септември 1992 година тргнале од планинарскиот дом Вајсмиес со намера да се искачат на врвот Вајсмиес, висок 4.017 метри. Стигнале до домот Алмагел, но наглото влошување на временските услови ги спречило да продолжат.

— реклама —

Во месеците по нивното исчезнување биле организирани неколку потраги, но од нив бил пронајден само ранецот.

— реклама —

Откривањето на посмртните останки е поврзано со забрзаното топење на глечерите во швајцарските Алпи. Поради климатските промени, топењето сè почесто открива остатоци од планинари кои исчезнале пред повеќе децении.

Минатата година на глечерот Обергабелхорн, исто така во кантонот Вале, биле пронајдени останките на швајцарски планинар кој исчезнал во 1994 година.

— реклама —

Полицијата во кантонот Вале води евиденција за исчезнати лица од 1925 година, при што најголем дел од случаите се поврзани со несреќи во планините и во близина на реки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

alpi-2

Двајца планинари го оставиле пријателот на 2.600 метри во Алпите, спасувањето траело 14 часа

Свет | пред 2 часа

— реклама —
sneg-alpi1

Пукнатина на врвот на Алпите постојано се шири, би можел да урне до 400.000 кубни метри карпи

Свет | пред 2 седмици

lavina

Пронајдени се телата на хрватските планинари, двајца од нив биле браќа

Свет | пред 1 година

alpi

Трагедија на Алпите: Британка загина на рафтинг

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања