Промени тема
Контакт

Пукнатина на врвот на Алпите постојано се шири, би можел да урне до 400.000 кубни метри карпи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
sneg-alpi1

Голем одрон на планината Хохфогел, на границата меѓу Германија и австриски Тирол, би можел да урне до 400.000 кубни метри карпи, предупредуваат научниците кои со години ја следат состојбата на оваа планина во Алпите.

Хохфогел е висок 2.592 метри, а пукнатината на неговиот врв, која постои уште од 19. век, постојано се шири. Додека некогаш била широка колку човечки рамена, денес нараснала до неколку метри. Во јуни од планината веќе се одвоиле околу 2.000 кубни метри карпи, но истражувачите сметаат дека претстои многу поголем одрон.

— реклама —

Научниците критичната точка ја следат веќе 12 години. Од 2018 година користат постојано поставени сензори и мерна опрема, а теренот го снимаат и со беспилотни летала опремени со ласерски скенери. Во пролетта биле забележани поместувања на карпите од дури пет милиметри неделно, што е исклучително брзо за геолошки процес.

— реклама —

На планината се поставени повеќе од 30 сензори кои го следат врвот со милиметарска прецизност и непрекинато ги бележат промените. Во 2024 година, главната пукнатина била опишана како процеп широк до шест метри, долг околу 35 метри и длабок приближно 60 метри. Во меѓувреме, нова пукнатина на југозападниот гребен, наречена „Пукнатина 6“, станала особено загрижувачка поради забележаните големи поместувања.

На почетокот на октомври, тим од Техничкиот универзитет во Минхен повторно се искачил на врвот за да ја провери состојбата на теренот и мерната опрема. Тимот го предводи професорот по геологија Михаел Краутблатер, кој се занимава со одрони и свлечишта.

— реклама —

Податоците од инструментите пристигнуваат во истражувачките центри неколкупати на час. Според Краутблатер, системите за рано предупредување се важни бидејќи знаците за претстојно уривање понекогаш може да се појават само неколку дена или часови пред настанот.

Како една од причините за забрзаното поместување на карпите се наведуваат екстремните временски услови. Јоханес Лајнауер од истражувачкиот тим посочува дека обилните врнежи, силните невремиња и топењето на снегот имаат јасно влијание врз состојбата на планината. Според него, климатските промени придонесуваат невремињата да стануваат почести и поинтензивни, што влијае врз брзината и зачестеноста на ваквите одрони.

Искачувањето од австриската страна веќе извесно време е затворено за планинарите, додека пристапот од германската страна сè уште е отворен. Научниците се надеваат дека системите за следење ќе овозможат навремено затворање на опасните подрачја и спречување можни катастрофи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

alpi-2

По 34 години глечерот ги откри посмртните останки на двајца исчезнати планинари

Свет | пред 1 месец

— реклама —
lavina

Пронајдени се телата на хрватските планинари, двајца од нив биле браќа

Свет | пред 1 година

alpi

Трагедија на Алпите: Британка загина на рафтинг

Свет | пред 1 година

Pesok

Топлотен бран во Македонија цела недела, температурите над 40 степени, а потоа нагло заладување, дури и снег на европските Алпи

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања