Промени тема
Контакт

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-library5kaad709soclbS56NZz

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека по долгогодишна запуштеност и пропаѓање повторно се ставаат во функција цвеќарниците на ЈП „Паркови и зеленило“ - „Роза“ на булевар „Илинден“, наспроти фонтаната „Лотос“ и цвеќарницата кај Министерството за економија.

— реклама —

„Скопје ги памети местата во кои започнуваа убавите моменти. Градските цвеќарници беа дел од тие спомени, таму младенците ги избираа букетите за својот најважен ден, се купуваше цвеќе за честитки, за благодарност и за радост во нечиј дом. Мали места со големо значење за многу генерации скопјани. Токму затоа, повторно ги ставаме во функција. Веќе течат активностите за нивна темелна реконструкција, за повторно да станат уредни, пријатни и достапни катчиња за сите граѓани. Имаме обврска да се грижиме за она што го наследивме, да му дадеме нова вредност и да го оставиме со гордост на генерациите што доаѓаат. Секој обновен простор е уште еден зачуван дел од нашиот град – изјави Ѓорѓиевски.

— реклама —
— реклама —

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека цвеќето и услугите ќе бидат понудени по максимално пристапни и фер цени, затоа што убавиот гест треба да биде достапен за секого.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6pfv0i87ni0ncRn4li1

Скопје девет дена ќе биде европски центар на танцот - Започна IDO European Dance Championship 2026

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryjq2pfbfuqspkdhnfBul

(Фото) Фатен на дело како создава дива депонија во Кисела Вода, инспекторите веднаш го санкционираа

Скопје | пред 2 седмици

media-librarytb3ud508667bd3vRR0V

(Видео) Скопје станува европска танцова сцена: Над 2.900 танчери доаѓаат на големото IDO првенство

Скопје | пред 3 седмици

media-library8nskkij5hd7c3DI8caq

(Видео) Дете падна од коњ среде улица во Скопје, коњот помина преку него

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања