Промени тема
Контакт

По дописот за случајот ‘Пулс’: Комората обвинува за притисок врз адвокатите, а на судењето гледаат како тест за прсвосудниот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryinkk4m84mibubJNwixZ
Скопје1.мк

Адвокатската комора на Република Македонија реагираше остро на дописот на јавниот обвинител Љупчо Коцевски во врска со предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во своето соопштение, Комората порача дека тврдењата на обвинителството се неосновани, неточни и претставуваат мешање во независноста на адвокатската професија.

Од Комората наведуваат дека адвокатите биле целосно запознаени со обвинението и доказниот материјал, спротивно на тврдењата на обвинителот дека даваат коментари „без да ја знаат содржината на обвинението“. Според нив, со поднесувањето на обвинението тоа станало достапно за јавноста, а со тоа и за сите правни застапници.

Во однос на наводите дека адвокатите го нарушиле угледот на судот, Комората нагласува дека ниту еден адвокат не постапувал спротивно на Кодексот за професионална етика. „Адвокатите имаат уставно и законско право на слобода на изразување, да даваат правни мислења и критички осврти во предмети од јавен интерес,“ се наведува во реакцијата. Тие додаваат дека досега нема забелешки од ниту еден суд дека бил нарушен неговиот углед, и оттука не е јасно зошто Јавното обвинителство се впушта во проценки кои не се во негова надлежност.

Комората потсетува дека досега повеќе експерти и правни аналитичари укажале дека, со оглед на бројот на обвинети и оштетени лица, процесот реално ќе трае подолго. Затоа, реакцијата на обвинителството на ваквите забелешки ја сметаат за неразбирлива.

— реклама —

„До сега не е утврдено дека ниту еден адвокат на кој било начин ја одолговлекувал или оневозможувал постапката. Напротив, истрагата во целост ја водеше Јавното обвинителство,“ се наведува во соопштението. Од таму потсетуваат дека токму обвинителството во изминатиот период јавно изнесувало детали за обвинетите и нивните дејствија, пред обвинителниот акт формално да стапи на сила.

— реклама —

Комората потсетува дека во случајот има повеќе од 60 загинати и над 200 оштетени лица, а адвокатите настапуваат и како бранители на обвинетите и како полномошници на оштетените, што, како што велат, ја исклучува можноста за намерно одолговлекување на постапката.

„Судот вложи максимални напори за обезбедување услови за почеток на процесот, и тоа го цениме,“ стои во реакцијата.

— реклама —

Во завршницата, Адвокатската комора порача дека обвинителството не е суд, туку странка во постапката, и дека со вакви дописи се повредува независноста на адвокатите и се создава впечаток дека се врши притисок врз одбраната.

„Ова судење ќе биде тест за ефикасноста и правичноста на целиот правосуден систем. Сите страни мора да постапуваат професионално и со взаемна почит, водејќи се од принципите на владеењето на правото,“ завршува соопштението на Адвокатската комора.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg4hvid9deuccAiKZrS

„Одолжувањето нема магично да создаде аргументи“: Реакција за судењето за трагедијата во Кочани

Македонија | пред 5 дена

media-librarylr9mj551mid0dlFsw2S

Иван Ивановски: „Добри луѓе“ ја донесе приказната за трагедијата во Кочани пред светската јавност

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Продолжува судењето за „Пулс“: Вештаците ќе сведочат за пропустите во објектот

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања