Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

По години чекање, Скопје за еден месец ќе почне со изградба на Луна паркот: се бара и враќање на парите за старите реквизити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryacnna9semak4fLReoac

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека тендерската постапка за изградба на Луна паркот влегува во финална фаза и дека неговите очекувања се во рок од 30 до 40 дена да започнат градежните активности на терен.

— реклама —

Според Ѓорѓиевски, станува збор за проект кој со години е меѓу најбараните од граѓаните, а кој конечно треба да добие реализација. Тој нагласува дека изградбата на Луна паркот ќе претставува значаен чекор во збогатувањето на јавните содржини и простори за деца и семејства во главниот град.

Паралелно со подготовките за новиот проект, градоначалникот посочува дека сериозен правен тим работи и на расчистување на состојбите околу претходната набавка на реквизити за Луна паркот. Како што вели, уште во минатото комисии утврдиле дека квалитетот на набавените реквизити бил незадоволителен, но институционална реакција тогаш изостанала.

— реклама —

„Верувам дека ќе има правна разрешница, со цел да се вратат парите на Градот за реквизитите набавени во минатото, а кои ниту едно дете ги нема видено во Градот“, истакнува Ѓорѓиевски, додавајќи дека одговорноста за ваквите пропусти мора да биде утврдена.

Со најавата за почеток на градежните работи и со отворањето на правните постапки, градските власти порачуваат дека Луна паркот не само што ќе стане реалност по долгогодишни најави, туку и дека ќе се направи обид да се исправат претходните неправилности и да се заштитат интересите на граѓаните и на буџетот на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryesc166ius7ee6bDPcdr

Орце планира во јуни наредната година да сече лента за новиот Луна парк

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryg8867009s0gpcDfL5Fc

ЗХГ бара јавна расправа за луна паркот: Треба да се задржи во неговите постојни граници, да биде парк за деца, а не евтин Дизниленд

Скопје | пред 3 седмици

media-librarysf6djr6ekrv7cPPad2X

(Видео) Старите дискотеки заминуваат во историјата, почна уредувањето на просторот за Луна парк

Скопје | пред 1 месец

media-librarya1q8qgaei2l441JMAy7

Ѓорѓиевски: Започнува постапката за новиот Луна Парк во Скопје

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања