Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„По Груевски, слободен е и Латас - јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryug1ultacipvsayKcNB5

СДСМ денеска преку соопштение обвини дека ослободувањето на Драган Павловиќ Латас, откако Обвинителството се откажало од обвинението против него, претставува уште еден доказ за, како што наведуваат, политичко влијание врз правосудниот систем.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека по ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, случајот со Латас, според нив, покажува дека премиерот Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството.

— реклама —

„Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ДПМНЕ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат. Кога станува збор за политички неистомисленици или критичари на власта, Обвинителството е многу ревносно и ефикасно“, се наведува во партиското соопштение.

— реклама —

Од СДСМ оценуваат дека ваквата состојба претставува пречка за европската интеграција на државата, бидејќи, како што наведуваат, Европската Унија бара независно судство и независно обвинителство.

— реклама —

Во соопштението се додава дека, според партијата, Обвинителството наместо да биде независна институција која се бори против криминалот, работи по политички нарачки и ги штити луѓето блиски до власта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања