Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

По Италија, закани за бомби и во Велика Британија: Над 770 училишта добиле идентични пораки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 минути -

Свет
media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

По масовните закани во Италија, сличен бран заканувачки пораки ја зафати и Велика Британија, каде што повеќе од 770 училишта добиле идентични електронски пораки со закани за поставени бомби. Меѓу нив се 470 училишта во Шкотска и повеќе од 300 во Северна Ирска.

— реклама —

Шкотската полиција соопшти дека единицата за сајбер-криминал и измами спроведува опсежна истрага за да го утврди потеклото на пораките. Полицајците соработуваат и со безбедносните служби во другите делови на Велика Британија, како и со меѓународни партнери. По извршената процена, пораките биле оценети како лажни дојави.

Образовната управа на Северна Ирска соопшти дека заканувачката порака испратена до училиштата има сличности со лажна закана од минатиот месец.

— реклама —

Во пораката се упатуваат закани со зборовите „Ќе ве уништиме“, а испраќачот се потпишал како „Михаил Андропов“. Во електронската порака се наведува и дека е поставена бомба во моторот на автомобилот на британскиот премиер.

— реклама —

Претходно, најмалку 300 училишта во Италија беа евакуирани по добивањето идентични заканувачки пораки, во кои имало и закана упатена до италијанската премиерка Џорџа Мелони. Италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара соопшти дека станува збор за масовни дојави.

Сличен инцидент во Италија се случил и во изминатите денови, кога електронска порака била испратена до адресите на 280 директори на училишта.

— реклама —

Во Европа во последниот период мета на напади и закани поврзани со хибридно војување биле супермаркети, банки за крв, воздушниот сообраќај и телевизиски станици. И дел од заканувачките пораки упатени до телевизии и авиони низ Европа биле потпишани со името Михаил Андропов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylmrquvmpq7599jciJU6

„Див Запад“ со електричните велосипеди: Британија подготвува нови ограничувања

Слајдер | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Аларм во британското воено воздухопловство: непознати објекти поминувале покрај воени авиони

Свет | пред 3 седмици

media-libraryiab2fgsn71ic21PI55B

(Видео) Прескокнал заштитна ограда во британска зоолошка градина и влегол кај тигарот, кој го убил

Свет | пред 4 седмици

britanska-policija-2

Британец опседнат со Декстер изградил „соба за убивање“. Брутално убил девојка

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања