Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Див Запад“ со електричните велосипеди: Британија подготвува нови ограничувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Слајдер
media-librarylmrquvmpq7599jciJU6
unplash

Нелегалното паркирање, блокираните тротоари и опасното возење со електрични велосипеди ги натераа британските власти да подготват нови правила за нивно изнајмување и користење. Најголемите проблеми се забележани во Лондон, каде што секоја општина во моментов има различни прописи.

— реклама —

Министерството за транспорт на Велика Британија започна јавна консултација за воведување национални стандарди, со кои би се заменил сегашниот систем на посебни договори меѓу компаниите и локалните власти. Целта е да се воспостават единствени правила и да се стави крај на состојбата што официјалните лица ја опишуваат како „Див Запад“ во изнајмувањето електрични велосипеди.

— реклама —

Со предложените промени, локалните власти би добиле поголемо влијание врз цените за изнајмување, а компаниите би биле обврзани да споделуваат податоци за подобро следење и планирање на сообраќајот.

— реклама —

Новите правила може да донесат повисоки трошоци за операторите, ограничувања за проширување на бројот на велосипеди и помала слобода при одредувањето на цените. Од друга страна, единствената регулатива би ја намалила правната неизвесност и би овозможила полесно долгорочно планирање.

— реклама —

Владата разгледува и можност за поголеми овластувања на градоначалникот на Лондон, Садик Кан, и на организацијата „Транспорт за Лондон“, со цел да се воспостават исти правила за целиот град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryht2vkps04fjn29VNcFZ

Шест неидентификувани дронови надлетале воена база во Британија, американската војска интервенирала

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

По Италија, закани за бомби и во Велика Британија: Над 770 училишта добиле идентични пораки

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Аларм во британското воено воздухопловство: непознати објекти поминувале покрај воени авиони

Свет | пред 1 месец

media-libraryiab2fgsn71ic21PI55B

(Видео) Прескокнал заштитна ограда во британска зоолошка градина и влегол кај тигарот, кој го убил

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања