Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Шест неидентификувани дронови надлетале воена база во Британија, американската војска интервенирала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 52 минути -

Свет
media-libraryht2vkps04fjn29VNcFZ

Американската војска употребила системи за одбрана од беспилотни летала за да одбие напад со шест дронови над британската воена база РАФ „Лејкенхит“, каде што се стационирани припадници на американското воено воздухопловство. Се испитува можна поврзаност на Иран со инцидентот, објави „Фајненшл тајмс“.

— реклама —

Инцидентот се случил на 13 ноември, а американските и британските сили не успеале да ги пронајдат и преземат дроновите по настанот. Од британското Министерство за одбрана соопштиле дека воената полиција и локалната полиција соработувале со американските безбедносни сили по пријавите за неовластена активност на беспилотни летала.

— реклама —

Според британските власти, ситуацијата брзо била ставена под контрола, а базата се вратила на вообичаените безбедносни процедури. Американското воено воздухопловство претходно соопшти дека при инцидентот не биле загрозени персоналот, авионите или инфраструктурата.

— реклама —

Случајот потсетува на инцидентот во септември во британската база РАФ „Ферфорд“, каде што, според американскиот претседател Доналд Трамп, закана поврзана со Иран довела до повлекување на американски бомбардери Б-1. Техеран ги отфрли обвинувањата за вмешаност во тој случај, како и во други непријателски активности во Велика Британија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

По Италија, закани за бомби и во Велика Британија: Над 770 училишта добиле идентични пораки

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarylmrquvmpq7599jciJU6

„Див Запад“ со електричните велосипеди: Британија подготвува нови ограничувања

Слајдер | пред 3 седмици

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Аларм во британското воено воздухопловство: непознати објекти поминувале покрај воени авиони

Свет | пред 1 месец

media-libraryiab2fgsn71ic21PI55B

(Видео) Прескокнал заштитна ограда во британска зоолошка градина и влегол кај тигарот, кој го убил

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања