Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

По изјавата на Мицкоски за предвремени избори, ДУИ со јасна порака: „Го бараме тоа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryt0r3c14d19rvdLoBNlk

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен за предвремени парламентарни избори доколку опозицијата го побара тоа, ДУИ преку соопштение ја оцени како можност за отворање на патот кон ново изборно соочување.

Од партијата велат дека го прифаќаат повикот и бараат најавата на премиерот веднаш да биде преточена во конкретни чекори.

— реклама —

„Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат“, наведуваат од ДУИ.

— реклама —

Според партијата, актуелната Влада го загубила легитимитетот да продолжи со, како што велат, европската изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, нарушувањето на Охридскиот договор и слабеењето на застапеноста на Албанците во институциите.

Затоа од ДУИ бараат во наредните денови да се утврди најбрзиот уставен рок за одржување на изборите и да започнат потребните подготовки.

— реклама —

„Доколку понудата на премиерот е сериозна, нема причина за одложувања, изговори или политички калкулации“, порачаа од партијата.

— реклама —

Од ДУИ велат дека опозицијата веќе го дала својот одговор и дека се подготвени за избори.

„Да се распушти Собранието. Да се определи датумот. Да одиме на избори“, се наведува во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 2 дена

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 4 дена

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања