Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„По изјавите на Мицкоски дека сме први во Европа - заминува уште една странска компанија“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ преку соопштение обвини дека германската компанија БМЗ донела одлука да го затвори својот производствен погон во Илинден и производството да го пресели во Полска, при што околу 90 вработени ќе останат без работа, а нема да се реализираат ниту најавените нови вработувања.

— реклама —

Од опозициската партија оценуваат дека ова е трета странска компанија која за краток период одлучила да ја напушти државата, потсетувајќи дека претходно тоа го направиле „Аптив“ и „Дура“, додека, како што наведуваат, „Џонсон Мети“ го намалува бројот на вработени.

— реклама —
— реклама —

Според СДСМ, ова е показател за состојбата во економијата по две години владеење на Владата предводена од Христијан Мицкоски. Од партијата тврдат дека странските инвестиции се намалени, а наместо нови фабрики и работни места, се затвораат производствени капацитети и работниците остануваат без работа.

— реклама —

Во соопштението СДСМ обвинува дека странските инвеститори ја губат довербата во актуелната власт и оценува дека економските политики на Владата не ги даваат очекуваните резултати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања